
Македонија
Фејсбук
Не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не е вработена од ВМРО-ДПМНЕ, не работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, ама зошто толку ме потсетува на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби затоа што се однесува на ист начин кон медиумите и употребува истоветен речник и нуди исто ниво на информации и податоци или можеби затпа што не е важно како се вика партијата на која некој припаѓа, туку е важно дека таа партија е на власт.
Не, Димова. Не си поставена на тоа место за да го замениш ВМРО-ДПМНЕ, туку да направиш промена.
А промената е многу тешко видлива (ако воопшто ја има).
И не, не е загрозен угледот на Македонија доколку на виделина се изнесат неправилности во работењето на некоја институција.
Напротив. Тоа зборува дека во Македонија веќе луѓето не се согласуваат да се врати владеењето на ВМРО-ДПМНЕ (под било кое име и да биде затскриено).
И тоа се цени.
Надвор.
Овде внатре се пуштаат закани кон медиуми.
ФБ реакција на Мирјана Најчевска на веста „Лидија Димова се правда напаѓајки ги медиумите“!
Директорката на Националната агенција за европски образование и експратеничка на СДСМ, Лидија Димова преку сооопштение најави тужба за истражувањето кое во јавноста го доби името „фризерница“, објави ТВ 24 Часа.
Нема ништо незаконско во доделувањето на грантови од 270.000 евра за предавач во образовни процеси и целата постапка е транспарентна и во согласност со прописите, вели Димова.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.