Јас лично сум за легализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни супстанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.

Објавил: Сара Фемина | 16 мај, 2019 15:42

НАЈЧЕВСКА: Сите пратеници во власта треба два пати годишно да бидат проверени за употреба на дроги!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Скандалот со пратеникот Павле Богоевски за набавка на канабис, се уште не стивнува во јавноста. На социјалните мрежи Богоевски размрда со коментари политичари, глумци, доктори и многу лица од политичката елита.

Богоевски синоќа во касните часови отиде во полициска станица, откако на сајт беше пуштена аудио снимка од Богоевски како тој разговара на телефон и како нарачува, како што изјави тој, масло од канабис за близок болен член од семејството.

Една од нив е и професорката Мирјана Најчевска која на Фејсбук излезе со коментар за скандалот со пратеникот Павле Богоевски. Таа мисли дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.

Нејзината објава ја пренесуваме во целост.

„Jас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.
Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања.
Јас лично сум за легализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни супстанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.
Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција.
Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака„

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...

Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова

Телма дознава: Владата на затворена седница го повлекла предлогот Ејупи да биде генерален конзул во САД

Предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк,...