Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил ја искоментира актуелната ситуација со двајцата пратеници позитивни на ковид-19 кои гласаа на 32. и 36. седница во Собранието.
– Овие што се уплашија дека ќе се заразат од пратениците кои дојдоа да гласаат во скафандри се истите оние кои си се гушкаат по штабови, се муваат по улици на протести и не излегоа од кафаните, и, лижат лажичиња по цркви, и слават родендени, и се туткаат низ самопослугите и..
Тоа се истите тие кои не дозволија ни да се размислува за електронско Собрание и гласање?
Оние кои измислуваат начини Собранието да не функционира?
Оние кои поднесуваат илјадници амандмани кои немаат ни основа ни смисла, ама им личат на нешто што треба да го прават?
Која срамота бре и која мизерија да присилите болни луѓе да доаѓаат за да може да се одвива работата на Собранието. Па уште да се фрлате у неола и да мафтате со закони и Устав и као нешто ептен сте биле загрижени за здравјето.
Неписмена багра, напиша Најчевска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.