Бугарија има направено многу историски гафови, и се што давала и дава на Македонија го чувствувам како подарок даден од Данајците.

Објавил: Перо Милчин | 26 ноември, 2020 6:45

Најчевска удри по Заев: Абе што човек треба да си да плукаш по својот народ?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС рече дека Бугарите не се фашисти, туку наши пријатели, додавајќи дека политичарите од поранешна Југославија ги држеле Бугарија и Македонија разделени.

„Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивша Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски.

Бугарија има направено многу историски гафови, и се што давала и дава на Македонија го чувствувам како подарок даден од Данајците, вели професорката Мирјана Најчевска!

Тоа е македонски или бугарски јазик? Политичарите од поранешна Југославија не држеа разделени“, истакна Заев.

Заев со скандалозното интервју за БГНЕС доби низа катастрофални навреди на своја сметка, нарекувајќи дека политичарите од поранешна Југославија ги држеле Бугарија и Македонија разделени и многу други скандализни изјави на кои ја дигна целата македонска јавност на нозе!

Што човек треба да си да плукаш на тие кои први те признале, кои ти овозможиле развој на сопствениот идентитет, кои те помагале и те вклучиле во една од најнапредните идеи на 20 век, а да се упикуваш на некој кој те делел, тепал, убивал, поробувал, а сега ти става и пречки на можниот развој, реагираше професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи!

Јас сум горда што сум родена во СФРЈ. Горда сум на уникатниот систем кој успеа да го развие. Горда сум на визионерството и демократскиот исчекор кој го направи. Горда сум што сме биле дел од друштво на народи кои операционализирале една од најидеалистичките идеи во неверојатно тешки услови.

Бугарија има направено многу историски гафови, и се што давала и дава на Македонија го чувствувам како подарок даден од Данајците.

Мислам дека треба да се најде компромисно решение, меѓутоа навистина не сакам луѓе кои плукаат на сопствените достигнувања, за да се умилкуваат на актуелниот були од соседството, вели Најчевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Денес жалам за мојот/нашиот верен другар кој загина од подмолните трујачи кои не се сакаат ниту себе си, а камоли некоја друга душа!

Ременски: Денес воопшто нема да искажам жалење за сите што беа тепани во овие црни настани

Осум години од “Црниот понеделник” се падна во “четврток” кој исто така беше црн...