
Македонија
Вести
Изборниот тек на гласачкото место 0543 во Дебар, каде се прегласуваше и за градоначалник и за советници има многу повисока излезност споредно со првиот круг од гласањето, потврдуваат од Општинската изборна комисија, објави тв 21.
Според комисјата до 18:30 часот од вкупно запишаните 777 лица со право на глас, гласале 526 или 67,9 отсто.
Во првиот круг правото на глас до 18:30 часот го оставариле 440 граѓани или 56 отсто од гласачите.
На ова гласачко место во првиот круг, до 19 часот правото го искористија 484 или 62,29 отсто!
Од 83,29 отсто обработени податоци, односно 2044 избирачки места, процентот на излезност на гласачите за вториот круг локални избори е 42,85 отсто до 17 часот, информираше Државната изборна комисија.
Највисока излезност има во општините Вевчани со 75,6 отсто, Конче со 73,15 отсто, Ранковце со 71,08 отсто и над 60 отсто имаат општините Пробиштип, Пехчево, Росоман, Дебар, Македонски брод, Демир Хисар, Лозово и Демир Капија.
Како општини со најниска излезност до 17 часот се Сарај со 23,41 отсто, Шуто Оризари со 28,48 отсто и Боговиње со 30,23 отсто.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.