Пред 26 години на сараевскиот мост Врбас, биле убиени Бошко Бркич и Адмира Исмич. Бошко бил Србин а таа босанка, а во Сараево владеела војна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2019 11:24

На денешен ден пред 26 години биле убиени сараевските “Ромео и Јулија”- умреле прегрнати а телата им лежеле со денови на мостот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден пред 26 години, Бошко и Адмира кои беа во долга врска се обиделе да побегнат од военото лудило.

Пред 26 години на сараевскиот мост Врбас, биле убиени Бошко Бркич и Адмира Исмич. Бошко бил Србин а таа босанка, а во Сараево владеела војна.

Бошко и Адмира умреле прегрнати

Тој ден Бошко и Адмира кои беа во долга врска се обиделе да побегнат од војната во Сараево, и да заминат некаде подалеку, но баш мостот Врбас за нив бил фатален. Додека бегале на мостот ги пречекал снајперист, прво Бошко а потоа и Адмира. Умреа прегрнати.

Амир Шулович, пријател на Бошко од младоста во едно интервју изјавил дека негов план бил да побегнат во Грбавац, а тамо се стигало само преку стариот мост Врбас.

“Беше тешко, ама сме пријатели, но никој не е доволно моќен да гарантира дека ќе може да ги извади од градот. Заминувањто на Бошко и Адмира во Грбавац беше договорено и од една и од друга страна. Знам дури и кои им помагаше, изјавил Шулович.

Кој го уби заљубениот пар, ни денеска не се знае, а нивните семјства сметаат дека е подобро да не го знаат името на убиецот, бидејќи ке им биде уште потешко да се помират со реалноста дека Бошко и Адмира ги нема.

Мајката на Бошко, Радмила Брќич и таткото на Адмира, Зијах Исмич за медиумите секогаш изјавувале дека никогаш не се противеле на нивната љубовна врска, без оглед на тоа што се од различна вера.

Бошко и Адмира, двајцата се родени 1968 година. Заедно биле од свои 16 години. Во 1994 година  ЦБС, сними филм “Romeo and Juliet in Sarajevo”, а режијата е на John Zaritsky. Во документарецот

се наведува дека љубовната приказна на Бошко и Адмира почнала на дочек на Нова Година во 1984 година,а тоа било љубов на прв поглед.

Тања Богданович, која е пријателка на Адмира од средно чилиште, во документарецот изјавила дека Адмира била сосема поразлична од останатите девојки во училиштето. Обожавала мотори и знаела дури да поправи и автомобил.

“Беше по малку дива. Девојките обично се плашеа од нешто, но таа не се плашеше од ништо. Бошко пак беше потполно поразличен од неа. Беше тивок и мирен дечко, беа сосема спротивнни, рекла Богданович, во документарецот.

“Бошко умре прв, а потоа Адмира ранета дошла до него, го прегрнала и така умреле заедно”, вели во документарецот мајката на Бошко.

Телата лежеле седум дена на мостот, додека да се реши кој е виновен за нивното убиство.

Адмира и Бошко беа погребани на гробиштата во Лукавец а по војната во 1996 година, по желба на нивните родители телата биле пренесени во Сараево и закопани на гробиштата Лав во заеднички гроб.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој во 2005-та година бил осуден поради поседување фотографии од сексуално злоставуваните деца, но тогаш бил само суспендиран на четири месеци.

УЖАС: Француски хирург силувал 250 мали деца, веднаш по операција додека биле под анестезија!

Жоел Ле Скуарне (66), популарен француски абдоменален хирург од болницата „Жонзак“,...

Извори цитирани во други медиуми различно тврдат дека американскиот претседател се шегувал или сериозно се надевал да ја прошири територијата на САД.

ГРЕНЛАНД МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП: “Не сме на продажба”

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите...

Четиригодишното девојче било тешко повредено откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад.

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Автомобил прегази 4-годично девојче и нејзината дадилка!

Малолетно девојче вчера било примено на детската клиника во Белград каде му биле констатирани...