На манифестацијта во Берлин претпладнево ќе учествуваат германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларката Ангела Меркел.

Објавил: Сара Фемина | 9 ноември, 2019 9:16

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пред 30 години падна Берлинскиод ѕид- ѕидот ги разделуваше Источна и Западна Германија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска се одбележува 30-годишнината од падот на Ѕидот во Берлин, настанот кој го промени целиот свет.

На манифестацијата во Берлин денеска ќе учествуваат германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларката Ангела Меркел, а како гости и повеќемина државници од Европа.

Се очекува и обраќање на претседателот Штајнмајер на големиот собир организиран пред Бранденбуршката порта на кој се очекуваат илјадници граѓани. 

Берлинскиот ѕид бил изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Sидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Sидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961. Ненадејната градба на ѕидот предизвикала многу семејства да останат поделени.

Sидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961.

Sидот бил целосно урнат кон крајот на 1989, освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време. Во текот на 28-годишната поделба, најмалку 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин.

Некои тврдат дека таа бројка изнесува повеќе од 200.[2] Источногерманската власт им дала наредба на граничарите да пукаат на бегалците.
Кога на 9 ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.
Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990. година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Тим Тејлор водичот на проектот кој беше посветен за пронаоѓањето на 52 исчезнати американски подморници во Втората светска војна, рече дека неговиот тим го пронајде “USS Grejbek” кај пристаништето Окинава.

Пронајдена подморница која исчезна пред 75 години: 80 морнари заминаа во мисија и никогаш повеќе не се вратија!

Истражувачот Тим Тејлор ја пронајде подморницата за која се трагаше повеќе од 75 години,...

Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел.

ЛА ВЕРИТА: Со стоп на членството во ЕУ, македонскиот премиер е во проблеми- нова истрага за корупција!

Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев. Блокирајќи...

Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика.

КОЈ Е ЕМАНУЕЛ МАКРОН, човекот кој и кажа НЕ на Македонија кон патот на Европската Унија?

Емануел Макрон кој се изјасни за НЕ за почеток на преговори на Македонија во Европската...

Самјуел Литл, Американец на издржување на три доживотни казни затвор, се изјасни за виновен за 93 убиства.

ФБИ го прогласи најмасовниот сериски убиец во САД: Признал дека убил 93 жени низ цела Америка!

ФБИ објави дека Семјуел Литл е најлошиот сериски убиец во американската историја. Серискиот...