Се грижиме и ги чуваме трагите на оваа наша голема сограѓанка, соопштија од град Скопје!

Објавил: Стојче Бушин | 27 јуни, 2020 15:16

На денешен ден, пред 40 години Мајка Тереза е прогласена за почесен граѓанин на Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На денешен ден, пред 40 години Мајка Тереза е прогласена за почесен граѓанин на Скопје. По тој повод овие три дрвја, што го разубавуваат платото пред ГТЦ, се засадени од рацете на Мајка Тереза, скопскиот градоначалник Методи Антов и од тогашниот скопски бискуп Јоаким Хербут.

Се грижиме и ги чуваме трагите на оваа наша голема сограѓанка, соопштија од град Скопје!

Мајка Тереза или Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Таа била најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Ага е родена во 1904 година, а Лазар во 1908 година. Податоците за таткото на Гонџа, Никола Бојаџиу, не се расчистени докрај.

На денешен ден, пред 40 години Мајка Тереза е прогласена за почесен граѓанин на Скопје. По тој повод овие три дрвја, што го разубавуваат платото пред ГТЦ, се засадени од рацете на Мајка Тереза, скопскиот градоначалник Методи Антов и од тогашниот скопски бискуп Јоаким Хербут.

Според едни тој бил трговец, а според други аптекарски помошник. Тој бил и член на Советот на Скопје како единствен католик. Починал во 1919 година. Мајката Драна била домаќинка и исклучително религиозна жена. Таа потекнува од фамилијата Бернај од Косово. Нејзиниот татко бил трговец и големопоседник.

Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Драна била вредна жена и за да им овозможи на децата сигурен живот, по смртта на Никола, започнала да шие и да везе.

Во 1928 година заминува од родниот град и преку Даблин оди вo Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се приклучува кон редот „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва. Потоа е активна 17 години во училиштето „St. Mary’s School“ во Калкута. Најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор.

На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута таа во 1946 год. го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Дури две години подоцна добива дозвола да го напушти редот.

Тереза била ексклаузирана, односно значи можеше да го напушти редот без притоа да се откаже од својот статус на калуѓерка. Оттогаш Тереза живее со најсиромашните во предградијата на Калкута. Еден нејзин портрет во магазинот LIFE, кој стана славен, и го даде прекарот “Saint of the Gutters”(„Светица на бедниците“, или буквално „Светица на сливниците“). Оттогаш, секаде и секогаш таа се именува со Исус, ширејќи ја својата молитвена порака дека „Светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов“. Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Во 1950 год. го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“, а во 1951 добива индиско државјанство. Членовите на овој ред мораа да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од страна на папата и беше под негова контрола.

Тереза со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од лепроза. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 5000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди. Најзначајна, без сомнение, беше Нобеловата награда за мир од 1979 г. Говорот на Мајка Тереза по повод добивањето на Нобеловата награда!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот...

“Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево.

КОЊИЧКИ МАРШ ЗА ИЛИНДЕН: Пратеничката Мизрахи на чело на коњицата кон Мечкин Камен

Пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, годинава ја предводи...