Македонија
Вести
Политичките одлуки од суштински карактер, најдобро се прикажуваат во својот погубен ефект со индивидуална примена.
Ицо Најдовски Перин, историчар и долгогодишен активист за правата на Македонците во соседството на гостувањето во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија го “насамари” Зоран Иванов со “одредница”, и го именуваше како Ѓорге Иванов, на што Зоран Иванов веднаш реагираше дека името му е Зоран а не Ѓорге.
Ова беше едноставен пример за тоа дека со промена на името се менува идентитетот.
Перин со историски факти се обиде да му се спротистави на соговорникот Зоран Иванов и да докаже дека Бугарскиот договор е штетен за македонскиот народ и дека ние никогаш не можеме да имаме иста историја со Бугарите, ниту пак Бугарите да го преземаат Илинденското востание како нивно востание затоа што според него ниту еден бугарски бојник не учествувал во истото.
Според Ицо Најдовски кој е еден од најистакнатите македонски активисти во Австралија не е потребно некој од надвор да ни кажува што да правиме туку треба да се промени менталитетот на оние кои се на власт и кои ја водат државата и националната светст да се крене на повисоко ниво како на пример кај Албанците.
Најдовски исто така ја осуди и работата на владата која што веќе година и пол се занимава со промена на името и заборави за ветувања кон граѓаните за подобра иднина и подобро функционирање на иституциите судството, полицијата.
Австралија има нација која се формираше за 200 години а ние упорно се бориме да ја негираме нашата во постоењето, констатираше Перин.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.