Лекарската екипа излезе по околу половина час.

Објавил: Сара Фемина | 21 август, 2019 19:55

НА КАТИЦА ЈАНЕВА И СЕ СЛОШИЛО: БРЗА ПОМОШ ПРЕД ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На осомничената специјална обвинителка Катица Јанева ѝ се слошило откако беше изнесена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1. Повикана беше Брза помош. Лекарската екипа излезе по околу половина час.

Полицијата по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.
Наредната локација на која полицијата врши претрес е канцеларијата на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.

Апсењето следуваше откако Катица Јанева беше сослушана за случајот „Рекет“ вчера во присуство на адвокат.
Засега нема информации дали истрагата е проширена и на други лица.

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска бара притвор. Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и засега е откриено дека за незаконските дејства околу помагањето на осомничениот Орце Камчев во истрагата за “Империја”, наплатила од него скап мебел во вредност од околу 5.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и за јавноста обелодени дека токму една од точките насредбата била и законот за јавно обвинителство.

Заев: Законот за јавно обвинителство ќе се донесе до 11 февруари

Екс-премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ, денеска најави дека можно е да се донесе Законот...

Мицкоски рече дека се обидел да биде попрецизен околу тоа што се случуваше, но и што му претходеше на она што вчера се случуваше на неуспешната средба поврзана со старо-новиот предлог на текстот за Законот за Јавно обвинителство“.

Мицкоски: Проблемот кај оваа власт е тоа што се се сведува на бројка

Проблемот кај оваа власт и со овие луѓе е што никогаш не ги интересира супстанцата,...

Од Обвинителството информираат дека осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши.

Седум лица со фалсификувани пасоши фатени на охридскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено...