Сеад Кочан е осуден поради малверзации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра каде покажувал лажна документација.

Објавил: Перо Милчин | 22 јули, 2019 12:04

НА КОЧАН МУ НЕМА СПАС ОД ЗАТВОР: Одбиено и второто барање за одложување на затворската казна!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Основниот кривичен суд – Скопје денеска го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст” на СЈО.

Бизнисменот Сеад Кочан требаше да оди на издржување на затворската казна на 17 јули, откако Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие неговото барање за одложување.

После правосилноста на решението Сеад Кочан е должен веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

–Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст”, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Сеад Кочан е осуден поради малверзации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра каде покажувал лажна документација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пред малку излезе од ОЈО каде беше на распит за случајот „Рекет“. Како што рече таа, била повикана во својство на сведок.

СВЕЧЕН ПРЕЧЕК: Вилма и Катица се гушкале и целивале кога се сретнале денес во обвинитeлството!

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави ексклузивна информација...

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...