Извори од СЈО за КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.

Објавил: Сара Фемина | 20 јули, 2019 18:13

НА ЛАГАТА КРАТКИ И СЕ НОЗЕТЕ: Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет (видео)

Фото/Текст извор: ©телма

Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет- тоа го снимил сведокот, потврди за Телма, јавната обвинителка, Вилма Рускоска.

Извори од СЈО за КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.

Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева .

Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Русковска.

КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?
Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.

КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?
Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

КОД: Пуштен на интерфон?

Рускоска: Да.
Снимките кои сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите а кога на интерфон биола вклучувана и Јанева лично тоа исто така било региструрано.

Судот треба да ги цени дали ке бидат прифатени како доказ. Рускоска вели дека согласно препораките на Венецијанската комисија тие би требало да бидат прифатени поради јавниот интерес и вклученост на функционер- обвинител во нив. За тоа разговарале државниот обвинител Јовевски и обвинителката Рускоска.
И покрај ваквите снимки Катица Јанева не е упасена , истражителите сметаат дека нема доволно докази за директна поврзаност со рекетот кој го правеле Боки и Зоран Милевски Кичеец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јоксимовиќ за Радио Телевизија Србија објасни дека францускиот предлог е „неформален документ“, кој се однесува на земјите кандидати, а Србија е пристапна држава.

Францускиот „нон пејпер“ ќе се применува само врз Македонија и Албанија

Српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, изјави дека извештајот...

Во изјава за медиумите Стојчев вели дека поради таткото на Боки 13, кој вчера беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот немал ниту една крштевка.

Три години немав ниту една крштевка или венчавка- Свештеникот Стојчев бара оштета

Откако вчера му беше одредена казна затвор од шест месеци на таткото на Боки 13, свештеникот...

Во однос на случајот во кој е осомничена Фросина Ременски тој вели дека кај луѓето ќе остане таа горчина и дека нема да се заборави дека министерот за внатрешни работи беше прв кој седна до Боки 13, на нивната прослава.

Калајџиев: И реков на Катица што бара со Боки, но таа тврдеше дека ништо не му фали

Во вчерашното гостување на Канал 5 телевизија универзитетскиот професор Гордан Калајџиев ...

И ова трае неколку години. Револтот кај родителите расте, а децата секојдневно по неколку часови поминуваат во руинирана барака.

Децата од Лисиче учат во мизерни услови, родителите револтирани: Очајната состојба во ОУ „Димитар Македонски“ е врв на негрижата на властите

Основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче наместо достоинствени...