Братот на Џорџ Флојд,  Теренс Флојд дошол на местото каде што починал неговиот брат и го посетил муралот направен во чест на неговиот брат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2020 11:08

НА МЕСТОТО КАДЕ БЕШЕ УБИЕН ФЛОЈД ДОЈДЕ НЕГОВИОТ БРАТ: Не правете нереди, тоа нема да го врати мојот брат!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Index.hr/Radio Sarajevo

Братот на убиениот Џорџ Флојд го ​​посети местото на импровизиран меморијал во Минеаполис во Соединетите држави.

Братот на Џорџ Флојд,  Теренс Флојд дошол на местото каде што починал неговиот брат и го посетил муралот направен во чест на неговиот брат.

Тој им се обрати на сите што прават хаос за време на протестот, велејќи дека ако тој не крши или уништи нешто, тогаш зошто тие го прават тоа и додаде дека ништо од тоа нема да го врати неговиот брат.

Тој рече дека неговото семејство е мирољубива, па ги повика сите да бараат промена на мирен начин и да гласаат на изборите.

„Едуцирајте се, знајте за кого ќе гласате. На тој начин ќе ги победиме, ќе промениме сè“, рече тој.

Неговиот пријател и свештеник Кевин Мекол изјави дека семејството ги моли демонстрантите да продолжат со протестите, но тоа да го продолжат мирно.

„Ова семејство бара мир. Ова семејство повикува на мир. Испраќам порака на сите луѓе во оваа земја да престанат со немирите. Подигнете знак на мир. Силата е во бројката“, рече тој.

Патем, браќата на Џорџ за Си-Ен-Ен изјавиле дека тој никогаш не направил некому лошо и го опишале како „нежен џин“.

„Можеа да го заплашат со струен удар или солзавец. Наместо тоа, тие го притиснаа неговиот врат со колената и само седнаа на него“, рече неговиот брат Филонис, додавајќи дека полицијата „ниту со животно не би се однесувала така“.

Погребот на Џорџ Флојд, по чија насилна смрт започна бран протести во САД, ќе се случи во четврток.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вработениот во службата за медиуми и информации на германската влада е осомничен дека неколку години работел во египетската разузнавачка служба.

БЕРЛИН НА НОЗЕ: Во кабинетот на Меркел откриен шпион! Агентот неколку години работел за оваа странска земја!

Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, откриено е лице кое со години...

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чека судска одлука за прашањето за евентуална промена на статусот на Аја Софија и дека ќе постапи согласно него.

АЈА СОФИЈА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНУВА ЏАМИЈА: Ердоган ја оствари својата замисла!

Државниот совет на Турција (повисок управен суд) и официјално го поништи решението...

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд ги разгледале евиденциите на пациентите на британската национална здравствена служба со цел да ги идентификуваат најголемите фактори на ризик. Според пишувњата на „Дејли Меј“, оваа студија  ги проучувала медицинските записи на 17,2 милиони луѓе и скоро 11.000 смртни случаи на коронавирус во Англија.

НАУКАТА ГО ДАДЕ ОДГОВОРОТ: ЕВЕ КОЈ ТИП НА ЛУЃЕ НАЈЧЕСТО УМИРААТ ОД КОРОНАВИРУС!

Афроамериканците над 65-годишна возраст и дијабетичарите имаат најголем ризик од смрт...

Пријавени се 32.000 случаи со „чудна пневмонија“, а 451 лица починале од оваа непозната болест во истиот период. Ниту еден од нив не е позитивен на Ковид-19, целиот свет се плаши од ширење на болеста.

СИТЕ СЕ НЕГАТИВНИ НА КОВИД-19: Чудно воспалениние на белите дробови- за 6 дена починаа 450 пациенти, 32.000 заразени!

Опасна, смртоносна болест, која се третира како „чудна и непозната пневмонија“, која...