Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на работа, денес немаше да бидеме први по криминал и корупција на Балканот, хибриден режим и последни по раст на економијата и инвестициите, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на изјавата на минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека многу се детски размислувањата на опозицијата, односно оградувањето на Мицкоски од Мијалков.
„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне…
А после, ветувам дека нема ОЈО да ги доставува решенијата за притвор, туку како што е редот, судот“, напиша Мицкоски.
Иако Оливер Спасовски ќе остане запаметен како најенергичен бранител на криминалот на чело со Зоран Заев, тоа не е доволно… Само неговата оставка не е доволна! Очекуваме целата Влада на чело со Зоран Заев да поднесе оставка веднаш!
Ги повикувам и пратениците во Собранието, без оглед на партиската припадност, да не бидат соучесници на мафијата, да излезат и да го дигнат својот глас против оваа корумпирана и ненародна власт. Заедно да формираме експертска Влада и да го сопреме слободниот пад на државата!
Не е важно кој ќе ја предводи следната Влада. Важно е да ја симнеме мафијата од власт, а потоа и да одговараат за сите криминали и предавства против својот народ, изјави Мицкоски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.