Дали би се изненадиле кога би разбрале дека белото вино може да има полошо влијание врз вашите заби одошто црвеното? Познато ли ви е дека јаготките имаат обелувачко својство на забите?
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да им се спротивставите на дамките на забите и да ја одржите вашата насмевка, бисерно бела.
1. Белото вино
Може да предизвика повеќе дамки на забите од црвеното бидејќи има повеќе киселини. Високиот степен на киселост е причината што белото вино создава повеќе дамки од чајот, кафето и сè друго што јадеме или пиеме, а е во боја. Вакви пак се: кечапот, сенфот, сосот од соја, сосот за шпагети и сите зрнести плодови. Киселината ја уништува природната глазура на забите, создавајќи груби точки и вдлабнатини кои стануваат мета на обоената храна и пијалаци.
2. Вода
За да го намалите ефектот од киселината, плакнете ја устата со вода помеѓу голтките вино и помеѓу залаците од силно обоената храна што ја конзумирате. Пиењето вода и јадењето леб со ваквите предизвикувачи на дамки на забите, влијае на неутрализирање на киселоста и со тоа се намалува штетниот ефект.
3. Четкање на заби
Не се препорачува четкање на забите веднаш по јадење храна или пиење пијалак со висок степен на киселост. Глазурата на забот е веќе ослабена од киселината и шеќерот, па четкањето ќе предизвика понатамошно еродирање на забите. Во ваков случај, најдобро е да почекате 30 минути пред да ги исчеткате забите. Уште подобро е да користите гел или водичка за плакнење на здивот со избелувачко дејство. Вака, можете веднаш да ги истретирате забите по пиењето вино или јадењето обоена храна, без да треба да ги уништувате со четка. Ќе ги намалите дамките, а ќе го спречите понатамошното оштетување. Ваквите производи се од двојна корист, а можете да најдете и мали пакувања кои ќе ги носите секогаш во вашата чанта или џеб.
4. Јагоди
Јагодите се едни од најдобрите домашни избелувачи на забите. Јагодовата киселина не дозволува да се изгуби бојата на површината на забот и делува избелувачки. Состојката која му го дава киселиот вкус на овошјето, покрај во јагодите, ја има и во грозјето. Најефикасно белеење со ова овошје ќе постигнете кога тоа е зрело, ноне кога е презереано, бидејќи тогаш веќе ја губи оваа состојка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.