Македонија
Вести
Традиционалниот Вевчански карневал, кој претставува едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица, ќе се одржи од 12 до 14 јануари.
На настанот, како и претходните години е предвидена музичка програма која ќе започне попладне во петок (12 јануари). Најавен е настап на Пајак, бендот Ареа, како и на бендот „Забрањено пушење“.
Вевчанскиот карневал и годинава традиционално на 13 и 14 јануари
Парадата на маските, пак, ќе се одржи напладне во понеделник (13 јануари), а за вечерта се најавени настапи на Љубојна, Наум Петрески, Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани и на Перо Бели и Коки.
Карневалот завршува на 14 јануари каде со василичарско оро и палење на маските се става крај на карневалот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.