Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.
Ќе биде претежно тивко, додека по котлините и понатаму ќе биде пооблачно и магливо, со што и температурите преку ден ќе останат пониски.
Во Скопје исто така останува пооблачно и магливо, но и релативно постудено.
Максималните температури ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени, додека локално истите ќе се искачуваат дури и над 15 степени.
За време на новогодишната ноќ, како и во првите денови на 2023 година продолжува стабилното и суво време со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот, снег нема да има и на Скијачките центри.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.