Медицинските експерти велат дека вистинскиот број заразени во Африка е поголем од официјалниот.

Објавил: Сара Фемина | 24 април, 2020 12:55

НА ПРАГОТ ДО НОВА КАТАСТРОФА: Континент со 1,3 милијарди лица станува нов епицентар на пандемија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на лица потврдени дека имаат коронавирусна инфекција во Африка минатата недела скокна за 43 проценти.

Ваквиот развој го стави во центарот на вниманието предупредувањето на Светската здравствена организација дека континентот со население од 1,3 милијарди би можел да стане следниот епицентар на пандемијата на новиот коронавирус, пренесува Б 92.

Директорот на африканските центри за контрола и превенција на болести Џон Нкенгазонг изјави денеска дека Африка има „многу, многу ограничен“ и „многу затегнат“ капацитет за тестирање на коронавирус.

Медицинските експерти велат дека вистинскиот број заразени во Африка е поголем од официјалниот.

СЗО неодамна предупреди дека вирусот корона може да убие повеќе од 300.000 луѓе во Африка и дека 30 милиони луѓе би можеле да бидат во сериозна сиромаштија.

Сè уште има време Африка да ја избегне катастрофата, но клучно е да се тестираат луѓето и да се следат заразените лица, рече Нкенгазонг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа