И покрај обидите на собранието и владата на Косово да го спречат Тачи да ја реализира идејата за размена на територии, со поддршка од ЕУ и САД, таа добива и правна форма

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 7:51

На пролет сепак ќе има и Косовски рамковен договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека до пролет ќе биде постигнат договор со Србија, кој ќе вклучува промена на границата.

Во интервју за француската телевизија “Франс24”, Тачи вели дека промената на границата не е идеја која тој сака да ја претстави, туку дека е единствено мудро решение за стабилност.

Тој рече дека договорот треба да содржи признавање на Косово и членство во Обединетите нации и истакна дека во случај да дојде до него, Косово ќе стане мултиетничка држава во која ќе бидат почитувани правата на косовските Срби.

Ако не подразбира постигнување конечно решение со заемно прифаќање и членство во ОН, мојата идеја за корекција на границите би предизвикала други ризици – од поделба на Косово до формирање на Заедница на општините со српско мнозинство што значи “Република Српска.” – вели Тачи.

Поради тоа, додава тој, тоа решение е реално и би требало да биде прифатливо за двете страни.

Со ова повторно се отвора можноста која ја пропагираат САД, ЕУ и НАТО помеѓу неформалната држава Косово и Република Србија да се постигне Косовски рамковен договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.