Пред ударот на ураганот "Флоренс" врз САД, масовно се евакуираат жители од четирите сојузни држави, Северна Каролина, Јужна Каролина, Вирџинија и Мериленд

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 10:11

На САД им се заканува ураганот “Флоренс”, се евакуираат 1.5 милион луѓе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Околу еден и пол милион луѓе во јужниот дел на источниот брег на САД се во состојба пред евакуација, поради доаѓањето на ураганот Флоренс, кој покажува тенденција да стане ураган од петта категорија.

Ураганот од категорија три во текот на вчерашниот ден премина во четврта категорија, а веќе утрово се приближи до петтото ниво, со можност да предизвика катастрофални последици, наведува агенцијата АП.

Дури и кога ураганот беше во трета категорија, беа наредени евакуации за крајбрежните области на Северна Каролина, Јужна Каролина и Вирџинија, кои би можеле да бидат директно погодени. Рано ова утро евакуација беше наредена и за државата Мериленд.

Надлежните служби ги повикаа жителите на тие држави да не ја потценуваат моќта на ураганот кој доаѓа и да се потсетат на настаните од минатата година, кога урагани пустошеа низ истата област и нанесоа голема штета на Порторико.

На социјлните мрежи во САД веќе се појавуваат фотографии и снимки од гужви во локалните маркети и продавници со опрема за заштита од временски непогоди, а редови се забележани и на бензинските пумпи.

Жителите на крајбрежните области ги заштитуваат своите домови од ураганот што е можно повеќе, главно поставувајќи дрвени табли на прозорците и вратите на куќите, а потоа се пакуваат и заминуваат пред ураганот да ја погоди нивната област.

Според Си-ен-ен, мобилизирана е националната гарда со цел да им помогне на земјите што се наоѓаат на удар на ураганот. Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина така што земјата може да располага со дополнителни парични средства од федералните резерви.

Доцна синоќа, задолжителната евакуација беше проширена на уште шест области, а се очекува денеска истата да се прошири на уште повеќе региони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Интересно е тоа што оваа апликација ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Макрон со помош на апликација ги контролира своите министри и нивната активност

Францускиот претседател Емануел Макрон користи апликација со која има пристап до...

Сноуден во интервју за француското радио „Франс ентер“ истакна дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануале Макрон ќе направи гест и ќе му овозможи да живее во Франција.

Сноуден: Се надевам дека ќе добијам азил во Франција

Едвард Сноуден, поранешниот американски разузнавач и свиркач изјави дека се надева...

Како што пренесуваат српските медиуми, овој арсенал бил сокриен на само 300 метри од базата на Војската на Србија "Печено брдо".

БИА го разби терористичкото гнездо во ПРЕШЕВО: Во куќа на Албанец пронајдено оружје на само 300 метри од базата на војската од Србија!

Припадниците на БИА денеска во куќа на Албанец во селото Печено во општина Прешево,...