Дали на сведокот му се слоши од здравствени причини или пак го издаде потсвеста?

Објавил: Македонка Димкин | 12 јуни, 2018 12:22

На сведокот Ахмет Беќир му се слоши и се онесвести

Фото/Текст извор: ©СЈО / Магазин

Со сослушување на сведок во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Монструм“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев и Фатиме Фетаи од СЈО  го испрашуваа сведокот Ахмет Беќир. По еден час испрашување од судијата Огнен Ставрев и Фатиме Фетаи од СЈО на сведокот Ахмет Беќир му се слоши и се онесвести, по што судењето беше прекинато.

Сведокот Беќир пред Судот кажа дека еднаш до двапати месечно со пријателите одел на рибарење на Смилковско езеро и на 12 април заедно со другарите бил од околу 10 часот додека се стемни на Смилковското езеро. Тој на Езерото дошол со моторче со приколка, не се сеќава убаво што видел, бидејќи било темница.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Хронологија на случајот “Монструм“

Вектраата која беше пронајдена после фамозното бекство на монструмите

12 април 2012 година – 18.40 часот: Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Борче Стевковски беа убиени во близина на Смилковското Езеро крај Скопје со 21 истрел од автоматски пушки и од пиштол.
1 мај 2012 година – Полицијата уапси над 20 осомничени во полициската акција „Монструм“ за кои тврдеше дека го извршиле или го помогнале убиството. За убиството кај „Смилковско Езеро“ подоцна се обвинети 7 лица: Фејзи Азири, Алил Демири, Сами Љута, Рами Сејди, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ.
7 мај 2012 година – Хаки Хазири, прво заштитен сведок, на свое барање се откажува од статусот, по што е обвинет.
Септември 2012 година – Обвинителството предлага нов заштитен сведок со псевдоним Е-1.
Декември 2012 – Почнува судењето. Демири и Исмаиловиќ се во бегство на Косово. Косовските власти не ги екстрадираа во Македонија.

Тагата на родителите беше и остана неизмерна, шок и неверување на присутните

Мај 2014– Заврши судењето. Сослушани над 70 сведоци предложени од обвинителството и одбраната

30 јуни 2014 – На казна доживотен затвор за тероризам се осудени: Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Поради немање доволно докази, петтообвинетиот Сејди Рами е ослободен од обвинение.

Јули 2014 година – протести во Скопје, каменуван судот и други објекти, повредени полицајци и демонстранти. Дваесетина лица приведени. Полицијата интервенираше со шок-бомби и водени топови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....