Поранешниот премиер на Грција, Самарас, со изјава дека ни неговите претходници Караманлис, Папандреу не прифатиле спогодба со Македонија, и не само поради името

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 7:00

На скопјаните никогаш нема да им признаеме нација, идентитет и јазик

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грчките политичари, освен владеачката Сириза на премиерот Ципрас, едногласни дека Преспанскиот договор е одлична можност Македонија да се самоукина како држава а народот да ги го негира сопственото постоење.

Во политиката и во националните прашања нема место за “ненадејна нетрпеливост” и брзање да се затвори еден проблем, кој ако се третира на погрешен начин, може да создаде полоши проблеми за следните генерации, вели за Договорот од Преспа поранешниот грчки премиер од редовите на Нова демократија, Андонис Самарас во интервјуто за грчкиот весник “Параполитика”.

Знаете што значи за иднината на хеленизмот ние да им признаеме на скопјаните нација, идентитет и јазик “на Македонците?”

Знаете колку други народи оставија да поминат децении и никогаш не ставија нивен потпис на таква хипотека на нивното национално постоење. Да ве потсетам дека за 45 години Западна Германија никогаш не ја призна Источна Германија. Иако ја имаа признато други земји – сојузници и противници. Мислите дека сите претходни премиери на Грција, од Константинос Караманлис и Андреас Папандреу, па до мене, направивме грешка што никогаш не го признавме скопскиот иредентизам?

Мапите, што сe уште се закачени во нивните училишта со „Голема Македонија”, која ја вклучува и пола Грција, ги имате видено? А оној што ги видел, дали спие мирно. – вели Самарас.

Новинарот коментира дека поддржувачите на решението, Американците и Европејците, сметаат дека решението придонесува во насока на стабилноста во поширокиот регион на Балканот, на што Андонис Самарас му одговара дека понекогаш има ситуации кога не треба да има согласување со позициите на сојузниците.

Тука прават грешка. И не е првпат. Не само на Балканот. Сакате да се потсетиме на почетните нивни анализи за т.н. „Арапска пролет“? И колку ги чинеше и нив самите и целиот регион? Сега, секако ја признаа таа нивна грешка.

Со твоите сојузници понекогаш ќе се најдеш во ситуација да не се согласуваш. Но, овде, станува збор за наше важно национално прашање во кое тие, можеби имаат простор да направат грешка, но ние не“. – коментира поранешниот грчки премиер, а на прашањето што тој би направил доколку САД и Европејците би му доставиле ултиматум. „Јас никогаш не добив ултиматум, бидејќи ултиматумите се за оние за кои знаат дека се подготвени да отстапат.“

Во однос на тоа колку тој смета дека е веројатно сценариото коалицискиот партнер во грчката Влада, Панос Каменос да ја турне Владата на Ципрас по повод гласањето на Договорот од Преспа, Самарас кусо вели дека тоа не е „воопшто можно“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Нови детали изнесуваат српските медиуми за несреќата во Србија и објавија фотографии од местото каде се случила сообраќајната несреќа.

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МЕСТОТО НА ТЕШКАТА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ЗА КОПАОНИК: Повредени 18 лица, а 4 се борат за живот

Нови детали изнесуваат српските медиуми за несреќата во Србија и објавија фотографии...

Познато е дека тој е во тешка финансиска ситуација, но и дека има здравствени проблеми кои до сега не ги изнесуваше во јавност. Ни овојпат не кажал од што боледува, но е на смртна постела. Роберт живее во Зрењанин, а соседите рекле дека нема пари ниту за храна, а камоли за лекови. Поради неговата добрина, собирале пари за да му помогнат полесно да живее.

Тато, чекај ме на оној свет, не сум добро: Синот на Шабан на смртна постела

Вонбрачниот син на покојниот Шабан Шаулиќ наводно е на смртна постела. Не сум добро....

Утрово тој на итна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.

Рама со порака до министрите: Вратете ги луѓето кои по земјотресот се засолниле во Косово

Еди Рама премиерот на Албанија, денеска ги повика своите сонародниците кои, поради...

Бледи Чучи, министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи во Албанија на денешната седма по ред вонредна седница на албанската Влада, истакна дека сите оние кои во земјотресот останаа без покрив над глава се сместени во хотел и се на безбедно.

Останаа без покрив над глава по земјотресот: 4.000 лица сместени во хотели а 6.500 во шатори

Оштетени 525 куќи и 3.100 станови, е билансот во Тирана по катастрофалниот земјотрес кој...