четврток, 5 август 2021

MK/ EN/ DE



На ГП „Табановце" времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути, додека на ГП „Богородица" времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

Објавил: Владо Марин | 17 јули, 2021 12:53

На „Табановце” и „Богородица” зголемена фреквенција на возила

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На граничниот премини „Табановце” и „Богородица” се бележи зголемена фреквенција на возила.

На ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути, додека на ГП „Богородица” времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри.

Заев: По 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

Премиерот Зоран Заев во рамки на својата работна посета на Охридско-преспанскиот...

Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг.

Бочварски: Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради!

„Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Оваа Влада покажа решителност...

Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до понеделник (26.07.2021 година).

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ Почитувани...

Во наредните неколку месеци за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба „Три Чешми“ до клучката кај петтиот километар, односно до мостот на реката Брегалница.

ОД ДЕНЕС СИТЕ ШТО ОД РАДОВИШ И СТРУМИЦА ПАТУВААТ КОН СКОПЈЕ, ЌЕ МОРА ДА ВОЗАТ НИЗ ШТИП

Од денес сите што од Радовиш и Струмица патуваат кон Скопје, ќе мора да возат низ Штип. Во...