Степенот на економски и геополитички шокови би зависел од сериозноста на болеста, а особено од тоа дали Трамп би бил неспособен во моментот да ги извршува своите обврски, велат сегашните и поранешните официјални претставници на Белата куќа и надворешните експерти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2020 20:52

НА ЧЕЛО НА АМЕРИКА ДОАЃА ЕДНА ЖЕНА?! Ако Трамп и Пенс заболат од Ковид-19 тоа би бил геополитички земјотрес!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Blooomberg/P.L.

Што ќе се случува ако американскиот претседател Доналд Трамп или потпретседателот Мајк Пенс се заразат со корона, или уште полошо, ако и двајцата се разболат во исто време?

Резултатот може да биде од привремено нарушување до сеопфатна уставна криза со конкурентни барања за претседателството.

Степенот на економски и геополитички шокови би зависел од сериозноста на болеста, а особено од тоа дали Трамп би бил неспособен во моментот да ги извршува своите обврски, велат сегашните и поранешните официјални претставници на Белата куќа и надворешните експерти.

„Постои протокол за сè“, вели Дејвид Акелрод, поранешен висок советник на Белата куќа во времето на Барак Обама.

„Рутински поминавме низ вежби за тоа што да правиме во случај на терористички или нуклеарен напад, но искрено никогаш не очекував пандемија како оваа со која сега се соочува Белата куќа“.

Сепак, уставните експерти предупредуваат дека може да настане хаос доколку и Трамп и Пенс се разболат од „Ковид-19“, затоа што законот дава малку простор за решавање на такво сценарио.„Тоа би било вистински хаос што може да резултира во целосен колапс на уставот“, рече Брајан Калт, професор по право на Универзитетот во Мичиген.

Пазарот речиси сигурно би паднал на вестите за претседателската дијагноза, вели Иан Бремер, претседател на Групацијата Евроазија, консултантска фирма за геополитичка опасност.

„Ако Трамп биде ставен во карантин во неговата резиденција, а во исто време продолжи да ја води владата и да твитува, мислам дека последиците за пазарот би биле минимални“, вели Бремер.

Дури и ако Трамп се разболе, постои постапка што минатите претседатели ја користеа привремено да се откаже од власта. Имено, 25-тата измена на Уставот му дозволува на Трамп да му ја предаде контролата на потпретседателот, а потоа повторно да ја преземе веднаш штом тој ќе биде прогласен за способен. Џорџ В. Буш тоа го стори двапати за време на неговиот мандат, додека минуваше медицински процедури, а Роналд Реган еднаш, за време на операцијата на дебелото црево.

Ако Трамп се најде во таква состојба или пак итно треба да се поврзе, на пример, на респиратор, 25-тиот амандман му овозможува на потпретседателот и на кабинетот да ја превземат претседателската моќ.

Дури и во случај да починат претседателот Трамп и Потпретседателот Пенс, што е статистички неверојатно, постои постапка за такво нешто.

„Во тој случај, линијата на сукцесија е јасна“, рече Илија Сомин, професор по право.

„Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси ќе ја преземе функцијата“.

Но ако и Трамп и Пенс не се во можност да ги исполнат своите должности, 25-тиот амандман не би можел да се спроведе. Уставот бара од Конгресот да донесе линија за сукцесија, која неодамна беше ажурирана со Актот за претседателско сукцесија на Претседателството од 1947 година – закон што го става спикерот на Претставничкиот дом, во случајот Нанси Пелоси, на претседателската функција.

Некои бараат Уставот да биде изменет, а следниот во ред за шеф на Белата куќа да биде државен секретар (во случајов, тоа би било Мајк Пенс).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.