
Живот
Хроника
Единствениот преживеан од автомобилот, во кој на 17 февруари трагично настрадаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, кумот на Шаулиќ Слободан Бобан Стојадиновиќ, за Блиц открил дека во моментот на несреќата Шаулиќ имал пари, кој ги заработил на три настапи.
Имено, во јавноста се појавиле спекулации дека во автомобилот во кој се наоѓале Шаулиќ, Мирсад и неговиот кум украдени се 15.000 евра.
Кумот од Шаулиќ, потврдил дека кај фолкерот се наоѓале 15.000 евра и откри детали на лице место за српски Блиц.

„Можам да кажам и да е и да не е„ Немам причина да ве лажам. Еден негов настап чини многу, не морам да кажам колку, но вие можете да претпоставите. Сведок сум дека на последните три настапи каде што бевме, заработивме околу 20.000 евра, а нешто мал дел потроши последните денови. Во себе имаше сигурно 15.000 евра.
„Мене ми даде неколку пари, затоа што му купував некои ствари, и го прашав зошто чува толку пари во себе. Ги носеше во јакната. Не ми се налутив, затоа што цело време ги имаше во себе. Не знам дали се украдени, немам појма каде се парите.„
Не можам да поверувам, затоа што се беше растурено, и работите беа расфрлени на патот. Но парите ги чуваше во себе, и не можеа да испаднат бидејќи ги чуваше во јакната.
На пример, јас ги имав во торбицата и ги чував во себе, која ми беше околу вратот. Тоа мене се ми беше исечено за да ме извадат од автомобилот. Ја најдов торбата, но во неа не беше пасошот и картиците.
Ја имав ситни пари, но тој имаше многу пари, но не знам што се случи со нив, изјави за српски Блиц, кумот од Шабан Шаулиќ, Боби Стојадиновиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.