Во Поликлиниката Шуто Оризари работат и Приватни здравствени ординации, концесионери кои имаат 25.000 илјади пациенти.

Објавил: Перо Милчин | 25 март, 2021 18:44

На шест огласи за издавање на ординации во Шуто Оризари не се пријавил ниту еден лекар

Фото/Текст извор: ©s.pecat

Министерството за здравство информира дека за Поликлиниката во населбата Шуто Оризари, која работи во склоп на Здравствениот дом Скопје, за период од пет години  почнувајќи од 2015 па се до 2020 година, има распишано шест огласи за издавање на ординации по општа медицина за матични лекар.

На ниту еден оглас до сега се нема пријавено лекар за работа. Во моментов во тек е седми оглас за кој јавното надавање ќе биде на 7 април.

Инаку, Поликлиниката во склоп на Здравствениот дом Шуто Оризари има четири приватни здравствени установи и тоа ординации по општа медицина, кои во моментов се слободни поради пензионирање на матични лекари. Доколку и на овој седми оглас по ред, нема да се пријават невработените матични лекари, Здравствен Дом Скопје како давател на простор за вршење здравствена дејност и понатаму ќе нема избор туку да продолжи да го објавува огласот за издавање на просторот, се со цел да се јават лекари кои би работеле во овие ординации за да може да се пружи адекватна здравствена услуга и да се унапреди здравствениот статус на граѓаните од оваа општина.

Во моментов во Поликлиника  Шуто  Оризари  има вкупно 14 вработени лица, од кои осум се здравствени работници  и шест дел од техничката служба.
 
Во склоп на Поликлиниката функционираат и Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца, каде се врши  редовна имунизација  согласно  календарот за вакцинација , потоа систематски  прегледи , здравствено   советување според возраста на децата, се издаваат медицински потврди за упис  во училиште , а работи и детска превентивна стоматологија.
 
Во лабораторијата која е дел од Поликлиниката, во периодот  на пандемијата со корона вирусот е отворен пункт за тестирање на ковид пациенти и дневно се прават и по 40 тестирања.
 
Во Поликлиниката работи и ноќна  дежурна служба секој ден од 19,30  до 7,30 наредниот ден, a во неделите до 24 часот. Саботните дежурства ги држат лекари   концесионери од приватните здравствени установи од тој  реон .
Во  Поликлиниката  Шуто Оризари  работат и Приватни здравствени  ординации, концесионери кои имаат  25.000 илјади пациенти.
 
Своја канцеларија во склоп на Поликлиниката  има и невладината организација ХЕРА која обезбедување советување за млади и еднаш неделно е организирана посета од гинеколог  и дерматовенеролог. Канцеларр има и невладината организација “Деца од улица”.  Во оваа здравствена установа  работи и дежурна аптека.
 
На годишно ниво во Поликлиника Шуто Оризари  се реализираат  околу 3.0000 прегледи. Во 2017 година  беше отворена и  ординацијата по гинекологија, но истата после година и половина беше затворена затоа што докторката го раскина договорот за закуп со Здравствениот дом Скопје. Бо моментов, Министерството за здравство опремува нова гинеколошка ординација, која наскоро ќе почне со работа.
 
Исто така за потребите на Поликлиника Шуто Оризари,  ЈЗУ Здравствен дом на Скопје со финансиски средстсва донирани од Амбасадата на Република Кина, спроведе две постапки за јавна набавка преку ЕСЈН, кои завршија со склучување на неколку договори кои се во фаза на изведба. Се работи за реконструкција на кровот на поликлиниката  како  и за договор за набавка на медицински мебел и опрема за РТГ кабинет. Со опремување на кабинетот за рентген пациентите нема да се испраќаат непотребно за снимање на  терциерно ниво. Во  месец Јануари  добиена е и донацијата од амбасадата на Сојузна Република Германија во вредност од еден милион денари за набавка на ЛЗО која тековно ќе се доставува согласно потребите.

Здравствен Дом Скопје во сите свои служби во актуелната состојба во која се наоѓаме,  тековно се доекипира и мобилизира согласно потребите во услови на пандемија. Министерството за здравство секогаш  максимално  се залагало и ќе продолжи да се залага за тоа секој пациент во оваа општина  да ја добие потребната здравствена услуга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче!

Две повредени лица од несреќата во Бугарија пристигнаа во болницата во Скопје

Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“...

Соочени сме, посочи министерот, со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.

Не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот во земјава

Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три...

Министерството за здравство вчера соопшти и за десет починати лица, од кои двајца се на 35 и 38 години. Со нив, вкупниот број починати од КОВИД-19 достигна 7242.

Од почетокот на епидемијата кај нас, КОВИД-дијагностицирани се 206 233, а оздравени се 191 132 пациенти, меѓу кои се и 326 кои беа евидентирани во здравствениот билтен вчера.

Активни 7856 случаи со коронавирус, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Активни случаи на коронавирус во земјава има 7859, меѓу кои се и новодијагностицираните...

Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.589.004 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани...