
Македонија
Политика
На 13 – ти октомври ќе се знае дали ВМРО – ДПМНЕ ќе треба да и плати десет илјади евра на Вилма Русковска. Во граѓанскиот суд денеска се гледаа двата предизборни спота за кои обвинителката ја тужи партијата.
Висината на штетата е небитна во овој конкретен случај. Во овој случај е битно партиските претставници да ги зауздаат партиските јуришници и конечно стручните лица кои ја посветиле целата кариера за извршување одредена дејност да не бидат обезвреднувани без никаков доказ“, рече Панче Ефтимов, адвокат на Вилма Русковска.
Адвокатот на ВМРО – ДПМНЕ смета дека не е толку важно дали партијата ќе плати штета или не.
„Суштината на овој предмет не е дали ВМРО – ДПМНЕ или било која друга политичка партија ќе плати штета по наводна клевета. Суштината на овој предмет е дали ќе имаме критичка мисла и слобода на говор во Македонија согласно европски стандарди или ќе имаме фиктивна демократија“, изјави Панче Тошковски, адвокат на ВМРО – ДПМНЕ.
Адвокатот на Русковска побара, Христијан Мицкоски, Игор Јанушев, ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата, солидарно да ја платат оштетата од 10 илјади евра.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал посочи дека парите ќе ги донира во СОС детско село.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.