Сега ја имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките.

Објавил: admin@magazin | 20 ноември, 2020 13:57

На 23 и 24 ноември, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите фотографи!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Skopje Photo Week 2020 – #SPW2020

На 23 и 24 ноември, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите фотографи, чија инспирација отвора нови хоризонти на дигитална и модерна уметност.

Сега ја имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките.

Настанот ќе биде реализиран онлајн (преку Фејсбук).

За време на овогодинешниот #SPW2020 ќе биде избрана најдобра фотографија од конкурсот на тема „Скопје од мој алтернативен агол“.

Предавачи и панелисти оваа година ќе бидат:
Томислав Георѓиев – Фотограф
Ани и Дими – Фотографи
Горан Попатанасович / 3D Baba – Кинематограф
Two Clicks – Фотографи
Влатко Рафески – Фотограф
Кристијан Теодоров – Кинематограф

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.