Здруженијата на сточарите и земјоделците од Македонија го закажаа својот протест за 26 октомври пред владата во Скопје.

Објавил: Валерија Петрова | 21 октомври, 2019 18:17

На 26. октомври Скопје ќе биде блокирано

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Нов протест во Скопје, земјоделците повтрно ќе излезат на улица.

Здруженијата на сточарите и земјоделците од Македонија го закажаа својот протест за 26 октомври пред владата во Скопје.

По тој повод претседателот на Агроцентар, здружението на земјоделци и сточари од Велес вели овој протест доаѓа по двегодишната нивна борба за нивните права, но до сега не се исполнети.

-Нема покачување на субвенциите, ниту една гранка од земјоделието освен до некоја граница тутунот, ништо не просперира. Имавме ветувања многу, ЌЕ видиме, ЌЕ го земеме во предвид, но се уште немаме никаков резултат, вели претседателот на здружението на земјоделците и столарите.

Тој додава дека субвенциите за сточарството се минимални, па затоа очекуваат масовност на протестот и исполнување на барањата кои веќе сите ги знаат и не отстапуваме од истите.

https://www.youtube.com/watch?v=afujsPVCzBc

за потсетување, ,минатиот месец на протест излегоа лозарите со двочасовна блокада на патот Градско – Прилеп, кај селото Росоман, го изразија својот револт од ниските откупни цени на грозјето. Побараа од министерот за земјоделство поголем слух за нивните барања.

На протестот ненајавено се појави и министерот Трајан Димковски. Во разговорите се вклучи и членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Цветан Трупуновски, кој рече дека дошол да им даде поддршка на лозарите. Тој го замоли министерот да си оди и да ги остави земјоделците да си протестираат.

Министерот Димковски вели дека е подготвен со лозарите да разговараат за закон за грозје, но дека цената ја одредува пазарот, а најниската откупна не може да е помала од производната. Најави дека поради ниските цени кои ги нудат винариите, интервентна субвенција ќе има и годинава и таа ќе биде повисока од ланскиот 1 денар по килограм.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Заедно со партиски членови и функционери, денеска присуствував на традиционалниот јаболкобер во Ресен.

Љупчо Николовски се фати за работа: Качен на дрвена скала собираше јаболка во Ресен(ФОТО)

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство,...

ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците, ја почитува секоја капка пот на нивите во Република Македонија, а таа почит ќе ја преточи на лист хартија во програмата за Обнова на Македонија.

МИЦКОСКИ ОД НЕГОТИНО: „ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците и секоја капка пот на нивите во Македонија„

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со лозарите од Неготино. На...

Со оваа мерка се опфатени 55.000 земјоделци, а обезбедени се 200 милиони денари од Програмата за директни плаќања, истакна премиерот Заев.

Заев ги додели првите картички за користење на мерката зелена нафта!

Денеска во битолското село Кравари беа поделени првите картички за „зелена нафта“. Со...

Заев рече дека ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на економијата – потенцира Заев.

ШОКАНТНА БРОЈКА: Заев најави нов инвестициски циклус од пет милијарди евра!

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата, ги соопшти бројките...