Министерство за транспорт

Објавил: Калина Мартинска | 25 март, 2025 14:24

На 479 правни лица во делот на урбанистичко планирање и на градење ќе им бидат одземени лиценците

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за транспорт објави список со 479 лиценци од градежното работење и урбанистичкото планирање за кои се води постапка за одземање. Ова е резултат на обемна контрола на издадените лиценци, започната минатата недела.

Од вкупно проверени над 3.100 лиценци, констатирано е дека дел од правните лица повеќе не ги исполнуваат законските услови за работа, поради што ќе бидат одземени:

73 лиценци А за изведувачи на градби од прва категорија

228 лиценци Б за изведувачи на градби од втора категорија

9 лиценци А за надзор на градби од прва категорија

32 лиценци Б за надзор на градби од втора категорија

32 лиценци А за проектирање на градби од прва категорија

78 лиценци Б за проектирање на градби од втора категорија

7 лиценци Б за ревизија на проектна документација од втора категорија

3 лиценци А за ревизија на проектна документација од прва категорија

2 лиценци за управување и одржување на објекти

2 лиценци за управител на градба

13 лиценци за изработка на урбанистички планови

Министерството информира дека списокот ќе биде доставен до надлежните институции, вклучувајќи го Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и ЗЕЛС, за понатамошни постапки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести