Најмногу независни листи имаше во Кавадарци и Македонски Брод

Објавил: Македонка Димкин | 19 октомври, 2021 10:12

Неазвисните советници четврта политичка сила

Фото/Текст извор: ©сакам да кажам / илиевски

На локалните избори учествуваа 57 независни листи со кандидати за советници во 40 општини, кои вкупно собраа 56 илјади гласови, со што излегоа како четврта политичка сила. Повеќе гласови имаат само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива има исто гласови, а помалку имаат Левица (49 илјади), Беса (25 илјади), коалицијата ЛДП/ДОМ (22 илјади) и останатите помали политички партии кои учествуваа самостојно на изборите.

Во овие пресметки не се влезени гласовите од изборите за советници во Град Скопје, каде што независната листа „Зелен хуман град“ освои 9 илјади гласови.

Најмногу гласови од независните советнички листи освои „Наше Куманово“, предводена од Ивана Ѓорѓиевска. Листата, поддржана од независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, освои 10.267 гласови во Куманово, или 22,2 отсто од гласовите.

Во Битола, независната листа „Поинаку“, предводена од Габриела Илиевска, освои 4.331 глас, или 9,45 отсто од гласовите. Во Центар, независната листа „Шанса за Центар“, предводена од Јана Белчева Андреевска, освои 2.517 гласови, или 11,78 отсто од гласовите.

Во Карпош, независната листа „Независни за Карпош – За Заштита на Карпош“ , предводена од Невена Георгиевска, освои 2.280 гласови, или 7,9 отсто од гласовите. Во Тетово, независната листа „Подобро за Тетово“, предводена од Хамди Сулејмани, освои 2.842 гласови, или 7,4 отсто од гласовите.

Независната група „Стига е“ за борба против рудници во Југоистокот освои вкупно 1.989 гласови и по едно советничко место во Советите во Босилово, Ново Село и Струмица.

Најмногу независни листи имаше во Кавадарци и Македонски Брод, по 5, а процентуално, најмногу гласови независните листи освоија во Чучер-Сандево, каде што 4 независни листи вкупно собраа 30,5 отсто од гласовите.

Пред изборите, големите партии предложија измени на Изборниот законик со кои се предвидуваше зголемување на прагот за собирање потписи за учество на независни кандидати на локалните избори, но по реакциите во јавноста, предлогот не беше усвоен во Собранието.

Вчера, ден по изборите, набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР укажаа дека и актуелното законско решение за бројот на потребни потписи не е адекватно.

„Бројот на потписи потребен за независните кандидати го отежнува учеството на нови луѓе на изборите. Препораката за сеопфатна ревизија на изборната рамка е сè уште неодговорена и неопходен е посеопфатен процес за понатаму“, рекоа од ОБСЕ/ОДИХР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...