Филипче: Не се крати никакво право, заради тоа што најбитно е здравјето на детето

Објавил: admin@magazin | 5 април, 2019 9:24

Невакцинирано дете нема да биде запишано во училиште или во градинка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Точно е дека во делот на законот за основно образование има некои контрадикторности, но нема да дозволиме ниту едно дете да биде запишано ниту во училиште, ниту во градинка невакцинирано, заради тоа што не може волјата на родителот да биде посилна од правото на детето да биде здраво, а при тоа не може со една индивидуална постапка да се загрозува и колективното здравје кое е над се, изјави  министерот за здравство Венко Филипче.

На ваквите тврдења министерот за здравство Венко Филипче изјави дека правото на детето да биде здраво е посилно од волјата на родителот и неговата желба за избор. Тој додава дека со задолжителното вакцинирање не се крати никакво право, затоа што најважно е здравјето на детето и колективното здравје.

На овој начин не се крати никакво право, заради тоа што најбитно е здравјето на детето и колективното здравје, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за граѓанска иницијатива за донесување закон за изменување на Законот за заштита на населението од заразни болести на 129 граѓани, што денеска не беше разгледана на седницата на собраниската Комисија за политички систем, бидејќи поради немање кворум таа беше одложена и ќе биде закажана, како што беше истакнато, најверојатно на 6 мај или 7 мај по завршувањето на вториот круг од изборите.

Граѓанската иницијатива за измена на законот за заштита на населението од заразни болести ќе ја разгледуваат пратениците по изборниот процес. Вчера беше закажана седница на собраниската комисија за политички систем, но истата беше одложена на 6 мај поради немање кворум. Иницијативата е поднесена од 130 граѓани. Тие бараат во законот да биде заменето задолжителното вакцинирање со терминот „се препорачува“ истакнувајќи дека не биле антиваксери туку само барале родителот да има право на избор.

Неколку пати потенциравме дека има важечка законска регулатива. Точно е дека во делот на законот за основно образование има некои контрадикторности, но нема да дозволиме ниту едно дете да биде запишано ниту во училиште, ниту во градинка невакцинирано, заради тоа што не може волјата на родителот да биде посилна од правото на детето да биде здраво, а при тоа не може со една индивидуална постапка да се загрозува и колективното здравје кое е над се“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

Иван кој доби срце од Емилија проговори и ја откри големата желба што ја има откако ќе излезе од болница

Сам во болничка соба под постојан надзор на медицински лица. Иван Огњановски го живее...

Бидејќи првите симптоми на коронавирусот се појавуваат во периодот од 2-ри до 14-ти ден по инфекцијата, важно е цело време да се следи телото ако се појави кашлица или останување без здив.

ОВА СЕ ЗНАЦИТЕ ДЕКА КОРОНАТА СЕ НАОЃА ВО ВАШЕТО ТЕЛО: Обрнете внимание, температурата не е помеѓу нив

Според Светската здравствена организација, дури 80% од случаите на коронавирус се лабораториски...

Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог!

Заразен оџа, затворени 8 џамии во градот – болницата во Кичево тешко се справува со ковид-19

Болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми. Во последно време е забележан...

Иван е во добра здравствена состојба и по препораките на доктор Митрев веќе се подготвува за отпуст од болницата и понатамошно лекување и нега во својот дом.

(ВИДЕО) Жан Митрев го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на срце во државава

Доктор Жан Митрев денеска го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена...