Како што пренесуваат српските медиуми тенисерката дали финансиска поддршка за својата земја но и лично се заложила преку своите контакти за набавка на овие преку потребни апарати.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2020 10:19

НЕВЕРОЈАТЕН ГЕСТ НА АНА ИВАНОВИЌ: Тенисерката донира 35 респиратори во Србија и финансиска помош…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата поранешна српска тенисерка Ана Ивановиќ ја покажа својата хуманост на дело. Имено веќе голем броспортисти и бизнисмени од Србија решија да помогнат на својата земја, па така и Ана одлучила да подари 35 респиратори.

Како што пренесуваат српските медиуми тенисерката дали финансиска поддршка за својата земја но и лично се заложила преку своите контакти за набавка на овие преку потребни апарати.

Ана Ивановиќ направила се што е во нејзина моќ преку неколку компании да успее да обезбеди респиратори кои побргу ќе бидат набавени и доставени во Србија.

Ана е во брак со Бастијан Швајнѓтајгер, кој е германски фудбалер. 

Инаку во текот на ноќта во Србија починаа уште две лица како последица од коронавирусот.

Станува збор за К.С. (80) кој бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни и тропски болести во Клиничкиот центар и кој последните денови се ноаѓал на респиратор, а докторите вложиле максимум за време на неговото лечење.

К.С.  боледувал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронична опструктивна болест на белите дробови и дијабетес.

Втората жртва е 62- годишната жена П.Б. која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш и која се наоѓала на респиратор и за која лекарите направиле се да ја спасат. Сепак дошло до фатален исход, а починатата се лекувала од артериска хипертезнија и дијабтесе, како и ревтматиден артритис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Клучна работа, вели тој, е да се развлече кривата на ширење вируси колку што е можно.

ЛУЃЕ ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ КАКО СИТЕ ДА СМЕ ЗАРАЗЕНИ- Доктор Гојковиќ открива како да го победиме Коронавирусот!

Провинцискиот секретар за здравство проф. Д-р Зоран Гојковиќ ги предупреди граѓаните...

Како што рече,  кога имате близок контакт или се  приближувате повеќе од метар до заразата, таква маска не се користи.

ДИЛЕМАТА КОНЕЧНО РАЗРЕШЕНА: Дали треба да носите памучни маски и колку тие штитат од Коронавирус?

Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека памучните заштитни маски кои се продаваат...