Еве информација и за Велија Рамковски, сопственикот на поранешната А1 телевизија: Боки се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 -Северно Македонска ТВ. Со кого ли се договорил за таа работа?

Објавил: Перо Милчин | 20 октомври, 2019 8:34

НЕВЕРОЈАТНО: Боки Тредичи аплицирал за трговските марки Македонска Пошта и Македонски Телеком!

Фото/Текст извор: ©plus info

Во периодот од 2018 и 2019 година, Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, во Бирото за индустриска сопственост се обидел и делумно успеал да заштити дури 16 трговски марки.

Но, тоа не би било ништо необично, доколку меѓу тие трговски марки не е и Северно Македонска Пошта. Тргвската марка не е регистрирана, но апликацијата постои. Замислете, Боки аплицирал и за трговската марка Северно Македонски Телеком!

Човекот пукал на поштата и на телекомот… Не му текнално за железницата?

Трговската марка не е регистрирана, но апликацијата постои. Боки аплицирал и за трговската марка Северно Македонски Телеком!

Тука се и марките Северно Македонска радио телевизија – 1 и Северно Македонска телевизија – 1, како и Прва Северно Македонска ТВ. Ова последново може да личи на приватно, ама претходните две марки можат да се поврзат со јавниот радиодифузен сервис.

Еве информација и за Велија Рамковски, сопственикот на поранешната А1 телевизија: Боки се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 -Северно Македонска ТВ. Со кого ли се договорил за таа работа?

Сево ова може некому да му изгледа наивно, но познавачите знаат дека воопшто не е така. Апликацијата секако не значи дека апликантот ќе ја добие регистрацијата.

Има период на одобрување, но факт е дека првиот апликант, во принцип, е во предност.
Секој што сака да се увери во ова треба да го отвори следниот ЛИНК:

Таму, во полето Aplicant/Owner, треба да се впише името и презимето на Бојан Јовановски, со кирилични букви. Уживајте во забавата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За овие избори акредитирани се 2.508 домашни набљудувачи, и 96 странски, како и 56 преведувачи и 55 странски новинари.

ДИК: Ова се најспецифичните избори досега- важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на кандидатот!

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето...

Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

СТИГНА КАЗНАТА- БОГ Е ГОЛЕМ: 19 години затвор за обвинетата за убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо –...

На 15 јули в среда ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата.

Почна тридневното гласање на парламентарните избори: Днеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација!

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот...

Сменија, продадоа се што можеа да продадат, буквално се се проблематизираше, па до она денеска последното, историјата и јазикот. Да го сопреме губењето на Македонија. Го кажувам ова сега за да немаме дилеми во иднина. Сега е моментот да гласате за Македонија, потенцираше Мицкоски од Штип!

Мицкоски: На 15- ти јули е последната шанса за спас на Македонија

Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот,...