
Спорт
Свет
Верувале или не, Мајк Тајсон (54) доби околу 10 милиони долари за ревијалниот боксерски натпревар!
За осум двеминутни борби со Рој Јуниор (51), славниот боксер ги доби парите како највисоко платениот српски фудбалер Лука Јовиќ кој ги заработува во Реал за една година.
Неговиот ривал, Рој Јуниор, доби три пати помалку пари за мечот. Интересно е што Тајсон вети дека ќе ги донира сите пари што ги добил во добротворни цели.
Да потсетиме, натпреварот што се одржа во Лос Анџелес заврши нерешено.
Тајсон беше подоминантен во рингот, како што покажува статистиката, но судиите решија да ја завршат борбата без победник.
Задоволен сум од овој исход. Рундите траеја две минути, но имав чувство дека траат три. Среќен сум што се борев и сигурно ќе го повторам ова”, изјави Тајсон по борбата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.