Група научници го направија првото »3D« печатено срце со човечко ткиво и крвни жили.
Иако органот е големо колку една цреша и не може да пумпа крв, тие уверуваат дека неговото составување е големо медицинско откритие.
Се верува дека е тоа прво срце кое е печатено со ќелии, крвни жили и комори. Иако на срцето ќе му треба повеќе време да испумпа крв, научниците се надеваат дека ќе почнат да го користат за една година.
Луѓето во минатото успееја да одпечатат »3D« структура од срце, но не и со ќелии или крвни жили. Ова е прв пат некој што успешно смисли и одпечати цело срце преполно со ќелии, крвни жили, комори и пред комори, рече водичот на проектот Тал Двир од универзитетот во Тел Авив.
Печатеното човечко срце достигнува величина од зајачко срце и може да стега како мускул, но не може да испумпа доволно крв. Направено е од ќелии кое си умножени од масно ткиво од пациент. Истражувачите нагласија дека ова беше голем предизвик за сите што учествуваа во проектот.
Во теоријата, техниката еден ден ќе може да произведе ново срце, користејќи ги рециклираните ќелии од сопственото тело на пациентот, што го намалува ризикот да биде отфрлено.
Можеби за 10 години во најдобрите болници ширум светот ќе постојат печатачи за органи, а тие постапки ќе се спроведуваат рутински, рече професорот Двир.
Тој додаде дека е посигурно да се започне трансплантација на органи кои се помалку ваќни од срцето, како што се слезина, слепо црево, жолчна кеса и бубрег.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.