Во 2013 година, биле оставени трите кошници на покривот на катедралата за проектот за биолошка разновидност од Николас Жион, кој прв изјави дека пчелите се во ред и го преживеале пожарот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2019 10:22

НЕВЕРОЈАТНО: 200.000 пчели го преживеале пожарот во Нотр Дам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неверјатно е тоа што и покрај големиот пожар кој ја зафати катедралата Нотр Дам, 200.000 пчели што живеат на покривот успеале да го преживеат катастрофалниот пожар.

И Република Северна Македонија се вклучи во обновата на париската катедрала Нотр Дам. Владата на 130-тата седница го задолжи македонското МНР да стапи во контакт со француското МНР за координација и да се определи најсоодветна поддршка во знак на солидарност за обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење.Помош за обнова на изгорениот историски споменик понудија повеќе земји.

Во 2013 година, биле оставени трите кошници на покривот на катедралата за проектот за биолошка разновидност од Николас Жион, кој прв изјави дека пчелите се во ред и го преживеале пожарот.

Николас изјави дека секоја кошница произведува околу 25 килограми мед годишнокој потоа се продава на персоналот на Нотр Дам. Тој изјави дека е многу среќен што неговите пчели го преживеале пожарот. Николас открива дека најверојатно пчелите успеале да го преживеат пожарот бидејќи инсектите немаат бели дробови, па наместо да ги убие, јаглеродниот диоксид  ги доведува во состојба на поспаност.

Кога пчелите ќе почувствуваат пожар, тие навалуваат на медот и ја чуваат својата матица, објаснува Николас. Мислев дека сите три кошници изгореа во пожарот. Но, подоцна видов сателитски снимки и ги забележав кошниците. Портпаролот на катедралата ми потврди дека пчелите се добро – додава тој.

Инаку големмиот пожар се случи на 15 ти април, а успеа да ги проголта главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив по неа. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Како што известија локалните медиуми планинарите цели 12 часа биле заглавени на Монт Еверест, поради метежот на врвот.

Трагедија на Монт Еверест: Загинаа тројца планинари поради метеж на врвот

Двајца планинари од Индија, калпан Дас (57) и Нихал багван (27), и 65- годишен планинар од...

Таа зборуваше и за тоа како нејзината партија ќе се обедине и ќе се опорави, и дека напорната работа за договарање за брегзит паѓа на нејзиниот наследник.

Политички потрес во Лондон: Тереза со солзи во очите ја потврди оставката:Заминувам на 7.јуни

Тереза Меј пред речиси 2 часа им се обрати на медиумите. Таа објави дека ја напушта функцијата...

Солберг веднаш го побарала службениот мобилен од министерот, а уредот бил префрлен на анализа во рацете на службите за безбедност.

Норвешки министер поднесе оставка поради носење службен телефон на одмор

Норвешкиот министер Пер Сандберг поднесе оставка бидејќи со себе го понел службениот...