Само сакам да знаете дека ЈАС СЕ ОБИДОВ да имам разбирање, но Вашите грешки и пропусти секојдневно ме демантираат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 ноември, 2020 19:41

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Директорот на штипската болница Ален Георгиев знаел дека починатата пациентка е во тешка состојба и не ја приклучил на кислород?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Уште ова, отпосле дознаваме дека Вие сте знаеле дека мајка ми е во тешка ситуација уште од почетокот и дека НЕ СМЕЕ да се дозволи да остане без кислород НИТУ ЕДНА МИНУТА. ЗОШТО мајка ми тоа утро што го спомнав во претходниот статус БИЛА НА ДВЕ ИНФУЗИИ МЕСТО НА КИСЛОРОД и ЗОШТО ВЕ БАРАЛА НА ТЕЛЕФОН 5 ПАТИ ВО 15 МИНУТИ знаејќи го тој факт?

Господине Alen Georgijev,
Ќе погодите што правевме денес?

ПОВТОРНО ги поправавме Вашите и грешките на Вашиот персонал.

Со цел да добиеме извод од матична книга на умрени, бевме да ја земеме потврдата за смрт и лекарскиот извештај за причината за смрт и погодете што?

На самиот извештај БЕШЕ ПОГРЕШЕНА датата на смрт на мојата мајка ( место да стои 14.11.2020, пишуваше 14.10.2020 ), но секако дека НЕ БЕШЕ САМО ТОА.

Дури и местото на раѓање на мојата мајка не беше точно ( место Берово, пишуваше Делчево ).

Погрешена дата на смрт за еден месец, погрешено место на раѓање на документ на кој се имаат потпишано ДВАЈЦА доктори и на кој стои ПЕЧАТ. Покрај целата ситуација во која се наоѓаме, НИЕ денес требаше ПОВТОРНО да укажуваме на Вашите грешки.

Да, отидовме на Инфективната клиника, ги поправија грешките и знаете како?

Со корегирање со пенкало. Корегирање со пенкало на документ со печат. Пишување едно врз друго. Корегирање кое можев да го направам дури самата јас, но си помислив ,, Не, како може да се вршат такви корекции на документ на кој стои печат. ” Ете, можело. Потоа да, успеавме да го внесеме барањето затоа што на луѓето им беше јасно во каква ситуација се наоѓаме и во таква ситуација од каде доаѓаме. Во прилог ќе Ви доставам и докази секако.

Во мојата прва објава имам кажано дека ,, нема да се занимавам со точноста и прецизноста на Вашите тестови “, но поради тоа што Вие сте тие што ме ТЕРАТЕ да зборувам еве уште неколку прашања до Вас господине Alen Georgijev и истовремено и до министерот Венко Филипче.

Од отпусната листа на мајка ми и Вие можете да видите дека мајка ми е примена на инфективното одделение со отежнато дишење, изнемоштеност, кашлица и болки во грбот. Мајка ми беше тестирана во четвртокот ( 5.11.2020 ), од наши сознанија резултати од тестот излегле на 7.11.2020 ( сабота ) и резултатот бил НЕГАТИВЕН. Во ред е.

Знаеме дека се случуваат грешки и во тестовите. Разбирам дека наодот бил во прилог на билатерална вирусна пневмонија, но ЗОШТО Вам ви беа потребни 3 дена за повторно да ја тестирате мајка ми и да ја утврдите точноста на тестот.

ЗОШТО мајка ми не беше тестирана во саботата кога сте ги добиле резултатите од претходниот тест туку сте чекале до понеделник ( 9.11.2020 ) чувајќи го пациентот во Ковид центар? ЗОШТО дури тогаш го имате повторено тестот?

Не тврдам и не ја исклучувам можноста на грешка во тестот и погрешен прв негативен тест, НО ЗОШТО тоа не беше проверено веднаш? ЗОШТО се чекаше до понеделник за повторно земање на брис од мајка ми, затоа што самата таа ми кажа дека во понеделник и бил земен брис, а гледаме и од самиот резултат на отпусната листа – стои датумот 9.11.2020.

ЗОШТО?

Уште ова, отпосле дознаваме дека Вие сте знаеле дека мајка ми е во тешка ситуација уште од почетокот и дека НЕ СМЕЕ да се дозволи да остане без кислород НИТУ ЕДНА МИНУТА. ЗОШТО мајка ми тоа утро што го спомнав во претходниот статус БИЛА НА ДВЕ ИНФУЗИИ МЕСТО НА КИСЛОРОД и ЗОШТО ВЕ БАРАЛА НА ТЕЛЕФОН 5 ПАТИ ВО 15 МИНУТИ знаејќи го тој факт?

Знам, не може една медицинска сестра да седи до мајка ми постојано, но ако Ви била потребна дополнителна помош за неа и за којзнае колку вакви пациенти, ЗОШТО ја немате побарано од нејзиното семејство затоа што пример јас БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ би облекла скафандер и би влегла да бидам покрај мајка ми 24/7 и не би дозволила да дојде до ситуација таа да нема кислород.

Таа или кој било друг пациент во таква состојба, а не би дозволил ниту било кој друг волонтер. Како Вие господине Ален Георгијев можете да ни објасните мене и на целата јавност КАКО можете да дозволите Вашата болница да снема боци со кислород кога знаете дека на Вашето одделение имате пациентка која НЕ СМЕЕ да остане без кислород ниту 1 минута, а верувам не била само мајка ми.

Зошто Вие и Вашиот персонал ако сте знаеле дека може нема да можете да се носите со ситуацијата на мајка ми, ЗОШТО не не побаравте нас или не и кажавте на мајка ми, па ние да се обидевме да ја спасиме на друго место?

ЗОШТО Вие и Вашиот персонал ни го кажувате предлогот за Скопје кога дојде до ситуација во која Вие ни велите ,, Ако ја однесете да знаете дека таа со сатурација 48 НЕМА да издржи до Скопје “. ЗОШТО требаше да чекате момент кога ќе треба да ни кажете ,, ако сакате да почине на Ваша одговорност носејќи ја во Скопје – однесете ја “? ЗОШТО?

Само сакам да знаете дека ЈАС СЕ ОБИДОВ да имам разбирање, но Вашите грешки и пропусти секојдневно ме демантираат.

Вие самите го правите сево ова и Вие самите го предизвикувате мојот револт. Ова секако нема да биде мое последно обраќање кон Вас, затоа што само се прашувам со што ќе ме изненадите утре. Верувам дека сега можеби некој ќе си каже ,, Ах, па и ќерка и се фаќа за секој детал, голема работа дека згрешиле една бројка и еден град “, но НЕ Е ТАКА. Можеби доколку тогаш брзале да се јават на телефон за да помогнат на некој пациент, ќе разберев, но видовме колку се големи шансите да била таа причината.

Можеби да беше само ова и ќе премолчев, но не е.

Пропуст во кревање на телефон, пропуст во немање кислород, пропуст во датата на смрт, пропуст во местото на раѓање, пропуст во навремето повторување на тест, пропуст во навремено соопштување на реалната состојба на една 41 – годишна мајка и сопруга. ПРОПУСТ, ПРОПУСТ, ПРОПУСТ !!

Колку пропусти за еден пациент според Вас се нормални господине Ален Георгијев и министере Венко Филипче?

Колку?

Кажете ми бројка за да знам кога да престанам со броење и набројување!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЗАСЕГА НЕМА ОДГОВОР КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО НА НАШАТА ТЕЛЕВИЗИЈА, КОЈ ОД ЧЛЕНОВИТЕ ОДНОСНО ОСТАНАТИТЕ ДИРЕКТОРИ Е ИНИЦИЈАТОР ЗА ВАКВАТА ОДЛУКА, И ЗОШТО АЛФА НЕ Е ИЗВЕСТЕНА ЗА ДА ИМА МОЖНОСТ ДА РЕАГИРА.

ММА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА

МАКЕДОНСКАТА МЕДИУМСКА АСОЦИЈАЦИЈА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА. СПОРЕД...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

202 санкционирани возачи во Скопје, 22 за користење на мобилен, 17 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените...

Натамошно надоградување на системот за правда за децата е дел од Акцискиот План на Министерството за правда за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022, а во тек на подготовка се измени на Законот за правда за децата.

Маричиќ: Судовите се помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на панел дискусија на која се одбележа...

Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која ќе ги евидентира и ќе покаже релевантни и точни податоци, кои ќе ни помогнат за креирање на економските политики, рамномерни регионални планови за развој, соодветни политики во образование, култура, здравствена заштита.

Заев: Пописот е статистички процес неопходен на државата за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација...