Тој меѓудругото смета дека стотина години наназад се создавала таа крвна врска!

Објавил: Стојче Бушин | 16 мај, 2020 9:52

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Македонскиот конзул во Бугарија смета дека Македонците се Бугари (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За македонскиот конзул во Софија, Александар Панев, еден од кадрите на министерот Димитров, Македонците се Бугари и дел од современата бугарска држава.

Тој меѓудругото смета дека стотина години наназад се создавала таа крвна врска.

Панев ваквите ставови ги искажува јавно на социјалните мрежи, неводејќи сметка дека е конзул и претставник на Македонија.

Покрај тоа тој во дисусијата слободно се расфрла со навреди кон српскиот народ, но и со закани кон лицата со кои дискутира.

Вечер.мк дознава дека Панев за соговорникот кој му се спротиставува во дискусијата на Фејсбук, користејќи негови начини, пуштил претставка до секторот за внатрешни работи со барање најригорозно да го казнат со отказ, затоа што според него, претставувал закана за секој бугарски државјанин, за него лично како и за членовите на неговото потесно семејство.

Но и дека на тој начин ги кочел евроатлански интеграциите на нашата земја.

Покрај тоа што постојат отворени сомнежи за злоупотреба на службена положба, се поставува и прашањето дали Панев имал дозвола од кабинетот на министерот Димитров, јавно да искажува свои ставови знаејќи дека за тројца други дипломати се води дисциплинска постапка за јавен настап без да се праша Димитров?

Ваквата постапка отвора и уште едно прашање, дали ова се само ставови и на Министерот Димитров, или пак лични на конзулот Панев, кој во период кога од Бугарија постои негирање на македонскиот јазик, но и постоењето на Македонците пред 1944 година?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери ги повика иселениците да дојдат...

Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

(ФОТО) Директорка на основно училиште во Струга наредила да се уништи Сонцето од Кутлеш

Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга! Имено, директорката...

Согласно пријавата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

Чулев: Кривична за Васко Ковачевски за рекетирање фирма за ископ во РЕК Битола

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во работна посета на Битола....