
Македонија
Инциденти
Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, дознава Блиц.
Како што вели менаџерот за сообраќај на таа компанија за Блиц, руски граѓани патувале во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.
По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, додека туристите и возачот заминале на ноќевање. Сепак, следниот ден, поточно утрово во 7 часот, се случил инцидент што ги вознемири туристите и го загрози продолжувањето на патувањето.
Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.
Веднаш по пријавата, полицијата и екипата за форензика излегоа на терен и спроведоа истрага, пишува Блиц.
Сè уште не е утврдена причината за ваквиот вандалски чин. Полицијата во Северна Македонија работи на расветлување на случајот.
Поради оштетување на автобусот, неизвесно е дали туристите воопшто ќе го продолжат веќе планираното патување, пишува Блиц.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.