Ако е предизборен период, тогаш нема логика во овој момент, со оваа политичка гарнитура воопшто да се преговара

Објавил: Македонка Димкин | 13 јануари, 2021 12:52

Невкусно и лигаво е кога македонските претставници во преговарачкиот процес со Бугарија ги правдаат навредите

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Невкусно и лигаво е кога македонските претставници во преговарачкиот процес со Бугарија ги правдаат навредите, лагите, говорот на омраза и простотилакот на некои бугарски политичари кон македонската посебност, со тезата дека тие биле искажани во предизборен период.

Ако е предизборен период, тогаш нема логика во овој момент, со оваа политичка гарнитура воопшто да се преговара. Дотолку повеќе што она што тие „блгарски политици“ го говорат усно по медиумите, го препраќаат како официјален документ, за кој потоа нашата страна се консултира и премислува. Наивно и инфантилно е да се мисли дека веднаш по изборите овие исти луѓе од кабинетот на „пријателот“ Бојко Борисов ќе го сменат не само вокабуларот, туку и ставот кон Македонија, доколку останат на власт. И тоа и Каракачанов и Захариева најтворено го кажуваат. Дури и тие повикуваат на „смирување“ на емоциите. А емоции ќе има се додека активно се разменуваат најразлични документи, во кои пишува се и сешто, а кои потоа се коментираат јавно.
Но токму оваа изборна непредвидливост треба да е дипломатски доволна за да се замрзнат преговорите со постојната политичка гарнитура. Вака излегува дека Владата во Скопје ја преферира победата на сегашната коалција на власт во соседството.
За кого тоа „навива“ официјално Скопје во изборната трка во Бугарија, ќе се прашаат останатите политички субјекти таму, кои претендираат да ја освојат власта, но и во ЕУ која и самата истури лавина критики за недемократскиот начинот на владеење, за корупција, криминал, влијание врз медиумите!

Оттаму и разбирливо е што во бугарските медиумите, темата Македонија е доминантна во предизборната кампња на политичките претставници. Она што повеќе зачудува е како Каракачанов си тера предизборна кампања преку македонските медиуми! Се што ќе изјави се пренесува тука, а не ретко и самите македонски медиуми едвај чекаат да го поканат за изјава или интервју во кои тој најдрско ги навредува и нив со тоа што го навредува македонскиот народ, неговиот идентитет, неговиот јазик, култура, историја.

Кога би се замрзнале преговорите со бугарските власти во оваа фаза, би се намалил и нашиот јавен интерес за внатре бугарските политички односи, и со тоа и за ламентирањата на политичарите за бугарскиот карактер на Македонија. Од друга страна низ медиумски соочувања на различни политички субјекти во Бугарија би имале можност да слушнеме дали постоијат и други политички опции со кои во иднина може да се преговара.
Тоа значи дека доколку дојде до смена на власта во Бугарија, Македонија ќе продолжи да преговара со новата политичка гарнитура, иако е јасно дека во Бугарија има не само политички туку и национален консензус за восприемање на македонштината како бугарштина. Но тоа е патот и формата на одржување на дипломатска предност пред трета страна.
И тоа Македонија засега добро го турка. Во меѓувреме да си ја тераат европско-американсата дипломатска агенда и офанзива.

слободен печат

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.

Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не...

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ! Вели Заев, во Ресен, на 5...