Македонија
Вести
Поројни дождови го зафатија вчера градот Кавадарци, a поплавени се три објекти, соопшти Центарот за управување со кризи.
-Кавадарци известува дека територијата на општина Кавадарци во период од 19:30 до 20:00 часот била зафатена со силен дожд од околу 40 л на м2, а планинскиот дел на општина Кавадарци бил зафатен со град и дожд.
До овој момент пријавени се 3 поплавени објекти (приземни простории и подруми), а интервенираат ЈКП Комуналец од Кавадарци и ТППЕ Кавадарци со вкупно 30 луѓе, велат од ЦУК.
Кавадарци и Неготино беа општините кои и пред неколку дена беа зафатени од невреме. Во Кавадарци имаше поплавени подрумски простории, а во Неготино неколку куќи беа со оштетени кровови, имаше паднати дрвја и некое време беше блокиран патот Дуброво-Војшанци.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.