Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со град. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од југоисточен и од југозападен правец.

Објавил: Стојче Бушин | 20 мај, 2020 8:22

НЕВРЕМЕ проследено со град: Локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено во попладневните и во вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со град. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од југоисточен и од југозападен правец.

Максималните дневни температури, и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината особено доцна попладне и навечер ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Утре сеуште ќе има повремени локални врнежи од дожд а има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура позначително ќе опадне и ќе се искачува во интервалот само од 15 до 23 степени.

Во петок и за време на викендот ќе имаме стабилно и суво време без врнежи, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Исто така во петок и во сабота ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец, истиот на некои места повремено ќе засилува.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Повремено ќе има продори и од северните предели на Евроспкиот Континент кој ќе условуваат повремено освежување на времето!

МЕСЕЧНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Еве каков ќе ни биде месец јуни се до крајот!

Според најновите анализи кој се направени со помош на најпрецизните метеоролошки...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

ДЕТАЛНО МЕТЕО: Од недела температурите на воздухот ќе бидат во пораст

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Од...

Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Нестабилно со услови за дожд и грмежи!

Во текот на денешното претпладне ќе има повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде променливо...