Машки би било Мојалков да го посочи со име Синиша Алексовски а не да го пишува како "еден сомнителен лик кој се претставува како надворешен советник на министерот за внатрешни работи". Зошто страв?

Објавил: Владо Марин | 17 јуни, 2020 6:11

Неделковски: Во Мериот, Сашо Шиптар на прва му залепил шамар на Кичевскиот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Како што објавија македонските медиуми пред два дена дошло до физичка пресметка на Зоран Кичеец, Јетон Жила заедно со околу десетина други лица од една страна и Сашо Мијалков заедно со своето обезбедување од друга страна.

Сашо Мијалков на безбедносните камери ја видел групата која влегува во хотелот “Мериот” при што слегол долу и му кажал на Кичеец дека не е пожелен гостин, а додека пак Кичеец му префрлил неколку зборови на Мијалков.

Поранешниот директор на ДБК, Мијалков со тупаница го удрил Кичеец и му го раскрварил носот, по што групата на Кичеец почнала физички да се пресметува со обезбедувањето на Мијалков.

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил откри неколку детали што навистина точно се случувало вечерта!

1. Сеуште никој не “откри” дека Кичевскиот во Дистрикт дошол со 5-6 души екипа од Грчец.

2. Сашо Шиптар уште на прва му залепил шамар на Кичевскиот.

3. Меѓусебната пресметка во рамките на соработниците на Заев (Мијалков, Верушевски, Дан Дончев…) продолжува.

4. Сашо бил извлечен од 4-ца од своето обезбедување, додека двајцата што останале го извлекле подебелиот крај.

5. Машки би било Мојалков да го посочи со име Синиша Алексовски а не да го пишува како “еден сомнителен лик кој се претставува како надворешен советник на министерот за внатрешни работи”. Зошто страв?

6. Соработници, како шеф на тајната полиција си имаш многу. И знаеш како се регрутираат и искористуваат. Мене ми е тоа непознат свет. Да те тужам ли за лажно обвинување?

7. “Прецртан од нашите стратешки партнери” си ти со самиот податок дека не смееш да ја напуштиш нашата држава.

8. Немој да читаш на ФБ кај Миленко, таму се’ е лага.

9. Да потсетам, дозволата за криминалната легализација на зградата популарно наречена “Тифани” што ја доби Палчо, Мијалков ја издејствува, вели Неделковски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.