
Македонија
Фејсбук
Игуменот на Бигорската Обител, отец Партениј е новиот епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а Бигорскиот Манастир станува епископско седиште.
На оваа одлука на социјалните мрежи реагираше новинарот Миленко Неделковски во кој вели дека отец Партениј е недостоен, бидејќи со години забрануваше внесување на знамето од Кутлеш во манастирот Бигорски.

НЕДОСТОЕН, НЕДОСТОЕН, НЕДОСТОЕН…
Со години забрануваше внесување на знамето од Кутлеш во манастирот Бигорски.
Едногласни избран се вели во соопштението!!!
Значи за него гласал и Јосиф (Полошки), како сатисфакција за мене кога се расправав со пријатели за улогата негова и за сомнителниот му промоскуитет!!!
Но, гласал и Агатанглел, што пак за мене е најнепријатното изненадување. Но, и доказ, дека ваков црковен клер не му е потребен на МАКЕДОНСКИОТ народ, вели Неделковски!
Синодот на МПЦ-ОА; го избра за владика на денешната седница на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополкт г. Тимотеј.
Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.
Отец Партениј е четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.
Уште од своето доаѓање во Бигорскиот манастир, отец Партениј енергично се посветува на севкупната обнова на ова големо светилиште, после долгиот период на негова духовна замреност и материјална запустеност. Целосно се вложува себеси во делото за враќање на некогашното достоинството на бигорското светилиште.
Како плод на таа посветеност, во 2001 година, потполно е возобновен и духовно заживеан и манастирскиот метох – женскиот манастир посветен на Св. Георгиј Победоносец во с. Рајчица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.