Никола Недељковиќ, кој помина шест месеци во притвор под обвинението на Приштина за „поттикнување етничка омраза и нетрпеливост“, денеска беше пуштен, а пред затворот го пречекаа неговите роднини, објави Косова онлајн.
Тој изјави дека е среќен што е на слобода и дека во затвор бил само затоа што е Србин.
„Не сакам да коментирам за деновите поминати во затвор, среќен сум што конечно сум со семејството. Во моментов немам никакви планови. Најважно е што ова е готово, можам конечно да си одам дома со моето семејство, за се друго има време.Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои се со мене и моето семејство од првиот ден. Можам да кажам дека сум среќен, Ако поради нешто требаше да бидам еден ден во затвор, нека биде затоа што сум Србин и затоа бев во затвор“, рече Никола.
Слободанка Недељковиќ, мајката на Никола, им се заблагодари на сите што беа со нив и ги поддржаа како што рече кога беше најтешко.
И полицаецот Дејан Пантиќ, поради чие апсење Србите пред 19 дена подигнаа барикади на северот од Косово, ќе биде пренесен во домашен притвор, одлучи судот во Приштина.
Неговото ослободување е прво од барањата на Србите. На 10 декември Пантиќ беше уапсен на административниот премин Јариње додека ги извршувал приватни обврски. Во знак на поддршка 50-тина Срби вчера со камиони и трактори го блокираа патот во близина на преминот Мердаре на источната граница на Косово. Министерот за одбрана на Србија рече дека Србија не се заканува со празен пиштол и е подготвена да го брани суверенитетот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.