Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен

Објавил: Валерија Петрова | 12 ноември, 2019 15:10

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го штитат газдата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го штитат газдата

-Денес Левица поднесе пријава до Државниот инспекторат за труд против велешката конфекција „Стоби“, откако неколку работници алармираа до нас дека директорот Сашко Крстевски заштитен од сите институции спроведува невидено самоволие и закани спрема работниците. Двеста педесет работници ќе останат на улица без отпремнина, без здравствено осигурување и сите права кои законски им следуваат, додека Трудовиот инспектор од Велес кој очигледно го штити газдата на конфекцијата, не успеал да утврди никакви прекршувања!?

Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен. За конечно, во период од 40 дена да бидат избркани 250 работници, со тоа што при бркањето им било кажано дека добиваат бланко лист кој има намена за обнова на договорот, а добиле спогодбени договори за отказ.

Дел од работниците кои сакаат да ги остварат своите законски права дури добиле и директни закани од газдата дека доколку некој се осмели да го тужи, ќе заврши лошо – затоа што се работи за локален моќник заштитен од сите досегашни власти! За ваквото насилничко однесување и тортура врз работниците ниту една институција нема преземено мерки, додека работниците кои се осмелиле да пријават до инспекторат подоцна биле изложени на дополнителни закани од газдата на конфекцијата!

Ваквата тортура и експлоатација врз работниците системски се врши од страна на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, кои целосно отуѓени од потребите на народот, се претворија во робовладетели врз сопствениот народ. И како такви ќе бидат казнети и елиминирани токму од својот народ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Полиестердеј е втората домашна фирма во која денеска влегоа инспекторите во врска со долг за печатење маици за ВМРО-ДПМНЕ.

Сестрата на Камчев, Кристина Стојчевска, пред две недели се повлекла од управителската функција во Монт

Сестрата на Орце Камчев, Кристина Камчева-Стојческа пред две недели се повлекла од...

-Горно маало Волково кога ќе се заврши со канализација? Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките, ништо немаме. Горно маало немаме ништо и воопшто не сме задоволни со ништо. Сите кажувате, кога и да дојдете само кажувате, а немате ништо исполнето Од сред село на кај Кучково патот што, е поминете господине да видите по какви улици одиме ние, каде ни учат децата, по какви калови одат децата, подвикнала една од присутните жени.

Жителка на Ѓорче Петров го направи „ПАРТАЛ“ Заев – премиерот ОВА не го очекуваше!

Со бројни изливи на незадоволство на граѓаните од населбата Горно маало во селото...

Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

НЕМАА ХРАБРОСТ ДА ГИ ПРИТВОРАТ НАПАЃАЧИТЕ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС – Спасовски упати големо жалење до обвинителството

МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот со пукањето во „Александар...