Медиумите пренесоа дека авионот превезувал падобранци и дека несреќата се случила околу 14 часот.

Објавил: Сара Фемина | 14 јули, 2019 19:45

НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА: Се сруши авион во Шведска, загинаа 9 падобранци!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денес на пладне во северниот дел на Шведска, во близина на градот Умео, девет лица загинаа при пад на мал туристички авион, соопштија медиумите во Шведска.

Како што пишува шведскиот весник Афтонбладет, авионот се срушил веднаш по полетувањето во близина на градот Умео, кој се наоѓа на северот од Шведска. Авионот што превезувал 9 падобранци полетал околу 14:12 минути, а како што соопштија шведските власти се срушил околу 14:45 часот.

Девет лица загинаа при пад на мал туристички авион во северниот дел од Шведска, соопштија медиумите во Шведска.

Јан Охлсон кој е долгогодишен експерт за авиони, после несреќата во Умео изјави дека може да се работи за рамнотежата во авионот. Тој рече дека не е искучена можноста да се работи за проблем со моторите од авионот.

Шведскиот Крал Густав, веднаш после несреќата изрази сочувство до семејствата на загинатите:

„Со длабоко жалење ја примивме оваа трагична вест, немам зборови со кој би ја искажал оваа болка. Јас и моето семејство мислиме на семејствата и сочуствуваме заедно со нивната болка за најмилите„

Како што соопштува шведската полиција за сега не е утврдена причината за несреќата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Момчето се удавило на Рајската плажа, а по дојавата околу 16.45 часот полицијата и медицинското персонал отишле на местото на настанот, додал Бобар.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Се удави момче во Дрина!

Петнаесетгодишно момче се удави во Дрина кај Братунац, потврдил портпаролот на полициската...

Трагедијата да биде поголема Александар и неговата поранешна сопруга, близнаците ги добиле по повеќегодишно лекување.

Фотографија на браќата која го крши срцето: Ова се близнаците кои загинаа во сообраќајната несреќа!

Александар Пешиќ(42) од Крагујевац, мајката Станица и осумгодишните синови загинаа...

Покрај убиените луѓе, уште 24 лица се ранети , меѓу нив и деца а медицинските тимови во блиските болници се обидуваат да ги спасат.

НЕВИДЕН МАСАКР ВО ТЕКСАС: Најмалку 22 загинати, меѓу нив и четири деца!

Најмалку 20 лица се убиени во најновиот инцидент на масовно убиство на луѓе во Соединетите...