Според локалните власти четворица кинески работници се приведени Објектот што се урна бил изграден од 70 до 80 отсто.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 12:53

НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА: Се урна стамбена зграда во Камбоџа, најмалку 18 загинати!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

18 лица загинаа откако вчера се урна зграда во изградба во градот Сихануквил, во јужниот дел на Камбоџа.

Во уривањето на станбената зграда најмалку 23 лица се повредени, додека 36 работници се извлечени од под урнатините.

Не е се уште познато кои се причините за уривање на зградата, која е во сопственост на кинески инвеститор. Според тамошните медиуми четворица кинески работници се приведени . Станбениот објект што се урна бил изграден од 70 до 80 отсто.

Полицијата привела четворица луѓе на испитување, меѓу кои и тројца претпоставени.

„Челичната конструкција се урна и не се осмелуваме да ја поместиме. Се плашиме да не се урне повеќе“ рекол градоначалникот. Тој додал дека успеале да исчистат 40 отсто од урнатините и дека уште не е познат бројот на исчезнати луѓе.

Во моментов спасувачки екипи го расчистуваат местото и се обидуваат да дојдат до затрупаните луѓе.

Камбоџа, официјално Кралство Камбоџа е позната по старото име Кампучија е држава во Југоисточна Азија. Камбоџа се граничи со Тајланд на запад и северозапад, со Лаос на север и со Виетнам на исток, додека на југ излегува на Тајландскиот Залив.

Главен град на Камбоџа е Пном Пен и официјален јазик во државата е кмерскиот јазик. Вкупната површина на Камбоџа изнесува 181.035 km2 каде живеат околу 14.805.000 жители. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.