Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Објавил: Македонка Димкин | 5 јануари, 2024 13:37

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Фото/Текст извор: ©сдк

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со 8 членови на ДУИ од Чаир упаднале во институцијата и нападнале вработени во радарската соба каде што е сместена обласната Контрола на летање и каде што се водат прелетите, во 2010 година исто така натепал контролор на летање, пренесе СДК.

Имено, Незири тогаш беше член на Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори, а нападнал контролор на летање кој како инструктор не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. Незири го удрил и го турнал по скали инструкторот. Потоа, до Управниот одбор поднел предлог инструкторот да биде разрешен. Снимките за нападот врз инструкторот биле избришани.

Како што објави весникот „Вест“ на 23 февруари 2010, тогашниот претседател на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски изјави дека на седницата разговарале за предлогот на Незири да биде разрешен инструкторот.

„Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е добар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за ‘неговите’. Му реков дека безбедноста на летањето е неделива, нема ‘наши’ и ‘ваши’. Продолжението го знаете, ме плисна со вода“, изјави тогаш Поповски, а Незири негираше дека го плиснал со вода.

Сепак, контролорот е избркан од работа, формално врз основа на тоа дека пет дена неоправдано отсуствувал од работа, а всушност Незири електронски му го избришал боледувањето додека овој се опоравувал од тепањето.

Контролорот потоа тужел на суд и го добил процесот, а откако и неговата сопруга била избркана од работа во Клиничкиот центар, тие се преселиле во една скандинавска земја каде што тој и сега работи во Контрола на летање.

Нападот и бркањето од работа на контролорот тогаш не доби медиумско внимание, оти како што вели еден вработен во М-НАВ во тоа време, „тогаш беше на власт ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со ДУИ, па синдикатот немаше пристап до медиуми, а и не смееше да зборува јавно“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...